25 Април, 2024
0.0331

Елизабета Ѓоргиевска за Женски магазин: Сопругата на претседателот не е само лик во протоколот

Објавено во: Стил 01 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Веќе 15 месеци е прва дама на Македонија, но тој израз не сака да го користи зашто се залага за еднаквост. И натаму е професорка на Стоматолошкиот факултет и стоматолог на Клиниката за детска и превентивна стоматологија. И натаму прима пациенти и држи предавања и испити. Поттикна повеќе иницијативи, особено во пандемискиот период, за сензибилизирање на јавноста околу значајни прашања од нашето живеење.

Во 2014 беше првата сопруга што се вклучила непосредно во предизборната кампања на својот сопруг, претставувајќи ја пред гласачите неговата приватна страна. Стево Пендаровски стана претседател при вториот обид, во изборите 2019.

И тогаш и во други прилики, при секое појавување го привлекува општото внимание – со дискретниот филигрански изглед, секогаш внимателно заокружен, и со одмереноста на искажаните ставови, секогаш добро обмислени.

Со Елизабета Ѓоргиевска разговара Женски Магазин. За статусот сопруга на претседателот и за можностите со него да се предизвика позитивна промена читајте овде

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти