26 Април, 2024
0.0276

ЕЛЕМ бара изведувач за новата барокна зграда

Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Државната компанија ЕЛЕМ, деновиве распиша јавен оглас за избор на градежна компанија која што ќе го гради, новиот административен објект, спроти хотелот “Бристол”. Идејното решение за објект, кое ЕЛЕМ го избра пред извесен период, е на архитектите Лазар Димов, Жарко Чаушевски, Стефан Смилевски и архитектонското студио “Неимар инженеринг”, и предвидува фасадата на новиот објект, да биде во неокласицистички стил, односно во согласнот со проектот Скопје 2014 . Според Деталниот урбанистички план за овој дел од центарот на градот, грaдежната парцела на која што ќе се гради новиот објект е со големина од 1.432 метри квадратни и вкупна бруто развиена површина од  9.130 метри квадратни. Новиот објект ќе биде со висина од 29 метри, односно ќе има осум ката и поткровје, a ќе биде сместен на аголот помеѓу улиците Македонија и Мито Хаџивасилев Јасмин. Според условите во тендерот, за најповолен понудувач ќе биде избран тој што ќе понуди најниска цена, и ќе има обврска новата административна зграда да ја изгради за година и пол. Која компанија ќе победи на огласот, ќе се знае по 3-ти декември, кога ќе биде и јавното отворање на понудите. Во близина на оваа локација, односно на аголот помеѓу улицата Македонија и Даме Груев, ќе се гради уште еден административен објект со висина од исто така 29 метри, во кој ќе бидат сместени седум институции, односно Централниот регистар, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија, Регулаторната комисија, М-НАВ,  и дел од АД за стопанисување со станбен и деловен простор и Фондот за осигурување на депозити. Носењето на овој ДУП предизвика голем револт не само кај граѓаните, туку и кај стручната јавност, бидејќи целиот зелен простор, сега ќе се замени со бетон. Но и покрај нивните противења и апели да не се уништува ова зелнило, градежните работи на терен си се спроведуваат. Минатата недела за таа цел по налог на Градот Скопје,  комплетно се исекоа околу педесетина дрвја стари и по неколку децении.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот