25 Април, 2024
0.0310

Електродистрибуција ги извести институциите кои компаниите треба да се вратат на отворен пазар

Објавено во: Економија 02 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Со цел исполнување на обврските на Операторот на дистрибутивниот систем за спречување на злоупотреби и манипулации на пазарот на електрична енергија, Електродистрибуција достави информација до засегнатите државни институции за тоа кои бизнис корисници не ги исполнуваат условите да се снабдуваат од Универзалниот снабдувач на регулиран пазар. 

Од компанијата додават дека ова е согласно Одлуката на Владата на РСМ за преземање на мерки во услови на постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија. 

- Информацијата беше доставена до Владата, Министерството за економија и Регулаторната комисија за енергетика. Освен институциите, Електродистрибуција активно и поединечно ги известува гореспоменатите корисници дека нема повеќе да се снабдуваат од ЕВН Хоме, Универзалниот снабдувач за домаќинства и мали бизнис потрошувачи и дека е потребно да склучат договори за снабдување со електрична енергија со снабдувачите на отворениот пазар - наведуваат од компанијата.

За потсетување изминатиов период беше објавено дека бизнисмени и градоначалници го изиграа Законот за енергетика и од слободниот пазар се префрлија на регулираниот. Како што беше најавено, ако тоа сами не го направат, Универзалниот снабдувач сам ќе ги исфрли од мрежата. 

Според надлежните станува збор за стотици компании од приватниот сектор, но и општини и јавни комунални претпријатија. Неофицијалните информации се дека во оваа шема се вмешани околу 2.500 фирми од речиси сите сектори.

Дали и која ќе биде санкцијата за овие деловни субјекти допрва ќе се знае. Надлежните уверуваат дека ваквата злоупотреба и користењето на струјата на домаќинствата од страна на дел од приватните и јавните компании нема драстично да влијае врз цената на електричната енергија. 

Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ