ЕКСПЕРТ ОД РУСИЈА: Меѓу првата и втората доза од вакцината треба да поминат од 35 до 40 дена
Објавено во: Свет 23 Јануари, 2021
Имуниот одговор на новиот коронавирус не се развива пред 32 до 45 дена после вакцинација или максимално 52 дена после, вели Александар Горелов, заменик директор за наука на Централниот истражувачки институт за епидемиологија.
Горелов истакнал дека луѓето не треба да се грижат ако од некоја причина го пропуштат датумот на другата доза.
„Тоа не е толку критично, бидејќи светот има информации дека одредени земји ја применуваат вакцинацијата во рок од шест недели. Заради тоа мислам дека времето би можело да биде избрано во овој рок. Веќе сме свесни дека тоа е класичен пример, односно од 30 до 45 дена меѓу вакцинациите е прифатлива временска рамка“, рекол експертот.