28 Март, 2024
0.0265

ЕКСКЛУЗИВНО:Владата продава пченица од стоковите резерви за да спречи поскапување на лебот

Објавено во: Агробизнис 10 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Агенцијата за стокови резерви објави оглас за продажба на 2.900 тони  пченица. Почетна цена на пченицата на огласот 12,32 денари за килограм со пресметан ДДВ. Продажбата ќе се врши по пат на усно наддавање, а најповолниот понудувач треба да плати авансно, пред подигање на пченицата. На огласот имаат право да учествуваат сите домашни физички и правни лица, а наддавачите за пченица треба да се откупувачи на пченица, запишани во регистарот на откупувачи на земјоделски производи што се води во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Доколку вкупните барања на купувачите за купување на пченица од стоковните резерви се поголеми од вкупно понуденото количество, распределбата ќе се изврши со процентуално намалување на бараните количини од сите купувачи, прoпорционално на бараните количини. За најповолни наддавчи ќе се сметаат оние кои понудиле највисока цена. Јавната лицитација ќе се одржи на 17-ти овој месец. Инаку од Агенцијата за стокови резерви не откриваат колкави се моменталните државни резрви на пченица, јачмен и пченка, единствено велат дека тоа што сега е предмет на продажба е мал дел од залихите. Засега не е познато ниту која житарка ќе биде следна на лицитација. Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, велат дека продажбата на пченица преку стоковите резерви, е дел од мерките што се преземаат за спречување на евентуалното поскапување на лебот. Според експертските проценки, ова количество пченица што сега е на оглас за продажба, може само моментално да го спречи поскапувањето на лебот, бидејќи македонскиот пазар е мал, но сепак не ја исклучуваат можноста за евентуалното поскапување. - Важно е на лицитацијата да не се зголеми многу цената на пченицата. Со овие 2.000 тони може да го спречи зголемувањето на цената на лебот, но треба да се постави услов и да не се поскапува цената на брашното. Мислам дека треба вака постепно да се реагира преку стоковите резерви, значи да се продаваат по неколку илјади тони. Оваа мерка ќе ги ублажи цените, па и да дојде до евентуално поскапување на лебот, тоа не би било повеќе од 10 отсто, бидејќи ние во секој случај колку и да реагирме со мерки, цената на лебот и пченицата не зависи од Македонија, туку од околните пазари, Србија и Бугарија. Но ако се продолжи со вакви мерки , може и тоа мало зголемување да се спречи, вели Огнен Оровчанец, претседател на Агробиснис комората при Сојузот на стопански комори Сушата што годинава ја зафати земјата, драстично ги намали приносите од житарици и квалитетот на лебното зрно. Приносите со сите применети агротехнички мерки и квалитетни семиња, во некои региони се намалени и за 50 % , во споредба со лани. Ваква е состојбата и земјите од регион, каде поради катастрофалните приноси од пченица, цената на лебот веќе одамна е зголемена. Македонските агробизнисмени од мелничко- пекарската индустрија, освен отворањето на стоковите резерви, за спречување на поскапувањата порачуваат да се дозволи увоз на поголемо количество брашно. Оваа година житариците се посеаја на околу 96. 000 хектари. Проценките се дека на ниво на Македонија приносите поради сушата се за околу 30% помали. Годишните потреби за пченица се движат до 300.000 до 330.000 тони, од нив околу 120.000 тони се покриваат од увоз, а оваа година поради сушата увозот може да биде и поголем. Во просек Македонија на годишно ниво троши повеќе од 10 милиони евра за узвоз на пченица и брашно.

Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи