23 Април, 2024
0.0450

ЕКСКЛУЗИВНО СО ЛИАО, поранешен директор на Yahoo! Убеден сум дека во Македонија ќе има успешни стартапи

Објавено во: Економија 02 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Парите се важни, но исто така треба да знаете и како да ги искористите. Марвин Лиао мудро зборува, но тој не е само празен говорник. Повеќе од една деценија беше извршен директор на Yahoo! Поранешен партнер е на 500 Startups, а има речиси дводецениско искуство во ризичен капитал, технолошки бизниси и стартапи. Тој од неодамна е претседател на Комитетот за одобрување инвестиции на Фондот за иновации и технолошки развој. Комитетот има пет члена и тие ќе ги разгледуваат и одобруваат сите предлог проекти за сите инструменти за поддршка на Фондот. Во ексклузивно интервју за Фактор, Лиао зборува за предизвиците на стартапите во македонски околности, но и за тоа кои се неговите очекувања од домашните компании.

Лиао: Поминав многу време во земјите од регионот и технолошките екосистеми на Централна и Источна Европа, но Северна Македонија е релативно нова за мене. Запознаен сум за силниот образовен систем во државава, фактот дека има добри технолошки таленти и компании од светски ранг како „Slice“ кои имаат широк спектар на работење тука . Јас лично сум прилично убеден за улогата што ќе ја имаат малите земји во иднина, кога ги гледам земјите како Естонија, Летонија, Бугарија, Словенија, Сингапур кои се борат успешно со далеку поголеми конкуренти. Верувам дека Македонија има можност да го стори истото, и токму затоа бев  толку возбуден и заинтересиран да се вклучам во Комитетот за одобрување на инвестиции.

Колку е важна финансиската поддршка за работата на стартап и како треба да се искористи?

Лиао: Финансиската поддршка е навистина важна, но мислам дека тоа е само едно парче од сложувалката. Сметам дека регулаторното опкружување, правилното бизнис менторство и пристапот до експертиза и добри примери од пракса, се подеднакво важни. Не ме разбирајте погрешно, парите се важни, но исто така мора да знаете како правилно да ги користите.


Споменавте дека Македонија може да се позиционира како меѓународен центар за иновации - на што го засновате ова тврдење?

Лиао: Лесно доаѓам до овој заклучок,  врз основа на сите параметри кои ги гледам на различни пазари ширум светот, како што се Балтичкиот регион, Сингапур, Бугарија и Словенија, кои се физички блиски до Македонија. Израел е уште еден пример. Насекаде каде што има паметни, вредни и амбициозни луѓе со технички вештини, ова е апсолутно возможно. Прашање е само на време и труд.

Имате значително искуство и завидно ниво на познавање кога станува збор за стартапи и партнер во неколку стотици. Речиси две децении сте биле вклучени во областа на технолошките бизниси. Несомнено, фантастична експертиза. Кој е Вашиот совет, кои идеи би биле најпогодни за овој дел од Европа, на што најмногу треба да се фокусираме?

Лиао: Тешко е да се дадат директен и точен совет на ова прашање, бидејќи се е индивидуално во зависност од ситуацијата и контекстот. Стартапите имаат тенденција да бидат „отскочна даска“. Но, она што сакам да го кажам  е дека навистина верувам дека неверојатни основачи на стартапи, особено кога станува збор за софтвери, можат да дојдат од било која земја и да изградат глобални бизниси од самиот почеток. Нешто што сум имал среќа да го видам и доживеам стотици пати, доволно за да видам дека тоа е тренд.

Имавте директен и индиректен контакт со многу стартапи. Имате ли некаква интуиција или чувство кое Ви вели уште од самиот почеток дека одредена идеја ќе биде загарантирано успешна?

Лиао: Би сакал да го можев тоа. Вистината е дека е исклучително тешко да се знае дали еден стартап ќе биде успешен или не. Секој инвеститор што ќе ви каже дека знаел од самиот почеток- лаже.


Кои се грешките што најчесто ги прават стартапите? Од друга страна, каков квалитет треба да се поседува и какви одлуки треба да се донесат за да се осигура дека стартапот ќе успее?

Лиао: Мислам дека најголемите грешки се фокусирањето на производот повеќе отколку на дистрибуција т.е. продажба и маркетинг. Исто така, мислам дека е голема грешка, недоволно фокусирање на разбирање и учење за нивните потенцијални клиенти како и темелни согледувања и анализи пред да го изградат производот. Ако тие навистина се фокусираат на дистрибуција и време со клиенти, тоа не гарантира, но им дава подобри шанси за успех.

Долго работевте во Силиконската долина, најмногу во светски признатиот „Yahoo!“. Како и зошто решивте да се преминете во стартап индустријата? Која е разликата од овој аспект?

Лиао: Мојот премин во стартап индустријата беше многу случаен, би рекол многу среќна случајност. Одлучив да паузирам од големата (високата) технологија за да се одморам. Но, ми здосади и започнав да менторирам и волонтирам во десетици стартап акцелератори за да бидам ангажиран. Така влегов во ризичен капитал. Најголемата разлика беше во уште поброто темпо на живеење, возбудливите идеи, страста и ентузијазмот на стартап-индустријата беа неверојатно привлечни за мене поради фактот што беше толку различна од она што го правев претходно. Работев во стартап неколку години пред Yahoo! и беше убаво да се вратам во ова поле, но во друга улога на инвестирање.

Александра Томиќ

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...