25 Април, 2024
0.0316

Ексклузивните производи на Fashion Group поблиску до вас - отсега и преку мобилна апликација

Објавено во: Мои пари 16 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Светските брендови Desigual, Diesel, Geox, Guess, Inuikii, Levi’s, Mango, Parfois, Premiata, Replay, Springfield, Steve Madden, Super Dry, Timberland, UGG, Women’s Secret кои се под групацијата Fashion Group од сега можете да ги купувате и он-лајн преку новата апликација на вашиот мобилен уред за Android или Iphone


„Ние, како групација сме лидери на пазарот со интернет продавницата на светски брендови, а од денеска нашата целосна понуда е достапна и преку мобилна апликација. Се што треба да направите е да ја симнете на вашиот мобилен, во неколку чекори да се регистрирате и да нарачате. Доставата низ цела држава ја правиме во рок од 3 до 5 работни дена“ вели Александра Саздовска, менаџер на интернет продавницата на Fashion Group.

На fashiongroup.com.mk интернет продавницата функционира веќе две години, но отсега е целосно освежена и многу полесна за користење.


Доколку не е соодветна големината на производот се врши негова замена, а има и можност за враќање на истиот ако купувачот не е задоволен.

„Нашите купувачи на интернет продавницата може да ја користат нивната лојалти картичка која нуди можност за акумулирање на поени и специјални поволности. Со мобилната апликација, освен собирање на поени, корисниците ќе имаат многу дополнителни изненадувања“ додава Саздовска.

Со мобилната апликација, освен собирање на поени, корисниците ќе бидат редовно информирани за пристигнување на нови колекции, за промоции и попусти, за специјални акции, ќе имаат ексклузивна можност за купување на сезонски попуст пред останатите, ќе бидат дел од специјални настани, а ќе можат и да креираат своја листа на желби и на омилени производи.


Интернет продавницата fashiongroup.com.mk е отворена 24/7 и достапна за нарачување во кое било време и од кое било место.

Fashion Group постои речиси 25 години во Македонија и има најголема малопродажна групација на компании за текстил во регионот, а ги поседува правата на ексклузивност, франшиза и мастер франшиза за многу светски познати модни брендови.



Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка