Економската криза допрва доаѓа: Одблиску со Анета Трајковска од Стопанска комора на Македонија
Објавено во: Економија, Македонија 02 Јуни, 2020
Анета Трајковска е дама која како оперативен директор на Стопанска комора на Македонија е динамична и одлучна, додека како посветена сопруга, мајка и баба е грижлива и нежна.
За таквото совршено балансирање во животот, како и за негативните последици кои ги донесе коронавирусот во економијата, таа раскажа во нашата рубрика „Одблиску со жени лидерки“.