Екатерини Сакеларопулу стана првата жена-претседател на Грција
Објавено во: Балкан 22 Јануари, 2020
Екатерини Сакеларопулу стана првата жена претседател на Грција. На свеченото гласање во грчкиот парламент, тaa беше избран со огромно мнозинство од 261 глас, односно со поддршка од најголемите три грчки партии.
Претседателот на законодавниот дом Константинос Тасулас истакна дека гласовите за Сакеларопулу далеку го надминале потребното двотретинско мнозинство. Од вкупно 294 присутни членови, 33 беа отсутни.
Актуелниот претседател Прокопис Павлопулос телефонираше на новоизбраната претседателка и изрази искрени честитки, како и успех во извршувањето на нејзините должности.
Инаугурацијата на Сакеларопулу е закажана на 13 март.