19 Април, 2024
0.0190

Едвај почна, Де Бур доби ултиматум од Интер

Објавено во: Спорт 17 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Шефовите на Интер му поставиле ултиматум на тренерот Франк де Бур да биде освоено гостувањето против Саутемптон од групната фаза на Лига Европа овој четврток. Инаку холандскиот специјалист кој го смени Роберто Манчини во текот на летото, ќе биде отпуштен.

Раководството на „нероазурите“ е крајно незадоволно од резултатите на тимот, кој забележа три порази од тимовите на Каљари и Рома во Серија А и од Спарта Прага во Лига Европа. Интер е без победа четири натпревари во сите натпреварувања и тоа е најлошата серија од март 2015 година, кога тимот немаше успех во седум последователни состаноци.

По натпреварот со „светците“ Интер ќе има гостување кај Аталанта во првенството.