25 Април, 2024
0.0295

Едукативната кампања за ИПАРД 2014 – 2020 продолжува во Валандово и Росоман

Објавено во: Мои пари 22 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Продолжуваат инфо деновите од едукативната кампања за ИПАРД 2014 – 2020. Експертите од МЗШВ и АФПЗРР во Валандово и Росоман се фокусираа на прашањата  кои се однесуваат на преработувачката индустрија и примарното земјоделство. Претставниците од Телото за управување со ИПАРД при МЗШВ ги претставија мерките за примарно земјоделско производство и за преработка на земјоделски производи. Притоа ги потенцираа приоритетните сектори, потенцијалните корисници, прифатливите инвестиции и критериумите. 

Целта на денешните инфо денови беше придобивките од ИПАРД програмата да допрат до присутните и заинтересираните за да се заинтересираат да ги користат европските фондови планирани за 2014 – 2020.


Претставници од Секторот за одобрување на проекти од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја објаснија целосната постапка за користење на средства од ИПАРД 2014 – 2020. Презентирани беа самите јавни повици, потребните документи а покажано беше како изгледа еден деловен план/ТПП.

Информациите околу деталите, потребните документи и јавните повици сите заинтересирани може да ги погледнат на веб страниците на ИПАРД Македонија, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и тоа http://www.ipardpa.gov.mk, http://ipard.gov.mk, http://mzsv.gov.mk/, http://agencija.gov.mk/ или да се јават во сектор ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.


Во тековниот период на едукативните денови ги потсетуваме земјоделците дека во тек се 2 отворени јавни повици. Рокот за поднесување понуди за „Инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“ истекува на 29-ти јануари, а за мерката „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“ на 9-ти февруари.

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет