19 Април, 2024
0.0247

Едно од најголемите ветувања на Владата пред реализација

Објавено во: Агробизнис 21 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber


Јавниот оглас за изработка на банкарските картички со кои земјоделците ќе можат да купуваат 30 отсто поевтина т.н. „зелена нафта“ за механизацијата ќе биде распишан наскоро, сооштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Од таму уверуваат дека проектот, кој беше најавуван како едно од најзначајните ветувања во програмата на актуелната власт пред изборите во 2016-та, најверојатно ќе стане функционален за време на пролетната седиба.

Мерката ќе опфати 55.000 производители, а ќе ја спроведува Платежната агенција.преку наменски, типизирани трансакциски сметки и посебни дебитни картички од банки. Во моментов изработена е методологија за секоја култура одделно. Точно се знае колкави се трошоците за гориво по хектар.

 „Јавниот оглас за јавна набавка на картичките ќе биде распишан наскоро. Всушност, од овој месец почнува печатењето на картичките. По изборот на банка имплементатор, во соработка со подрачните единици на МЗШВ и банката, ќе се соберат барањата за аплицирање за „зелена нафта“ и барањата за отворање наменска дебитна картичка по формулар пропишан од банката. Отворањето на наменските земјоделски сметки за картички што ќе се користат за „зелена нафта“, зависно од логистичкиот капацитет на банката имплементатор, ќе биде не повеќе од еден месец“, велат од МЗШВ.

Плаќањето ќе се врши авансно, за што е задолжена Платежната агенција без избор на повластен снабдувач на гориво“, информираат од МЗШВ.

Со овој проект , земјоделците ќе купуваат многу поефтина нафта.


Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари