Една држава си го смени името
Објавено во: Свет 19 Април, 2018
Кралот Мсвати III го смени името на државата и таа по негова наредба ќе се вика од денеска Кралство на еСватини.
Новото име на оваа африканска држава ќе биде промовирано и ќе влезе во меѓународна
употреба на прославата на 50 годишнината од формирањето на Свазиленд. Според кралот
новото име значи ,,земја на Свази”. Тој ова име го користеше при обраќањето на
Генералното Собрание на Обединетите Нации лани, како и на отворањето на
државниот парламент во 2014 година. Но, не се сите среќни поради оваа промена и му порачуваат на
кралот да обрне внимание на пропаднатата економија и на човековите права.
Неговиот татко Собхуза владеел со земјата 82 години и имал 125 жени. Мсвати пак има 15 жени.