19 Април, 2024
0.0290

Единствени во Македонија: Должат 46 милиони евра, а имаат 200 вработувања плус за една година

Објавено во: Економија 22 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Македонски железници Транспорт е претпријатието кое должи повеќе од 46 милиони евра или вкупно 2,8 милијарди денари по истекот на 2018-та година, а истовремено за годината што поминува планира да ја заврши со 200 нови вработувања и со тоа зголемување бројот на работници да достигне бројка околу 1.100.

Според должничката структура, најмногу има за враќање кон државните органи и јавните претпријатија, но дури и да има простување на долгот, на крајот ваквото стопанисување го плаќаат граѓаните. Кон Министерството за финансии постои долг од 711 милиони денари за доспеани обврски за платени обврски по кредити кон странство, а кон АД ЕСМ и АД МЕПСО тој изнесува вкупно 690 милиони денари. Кон ЕФГ Софија долгот е околу 48 милиони, а кон нафтениот трговец Пуцко Петрол изнесува 34 милиони денари и останати коминтенти со 1,5 милиони евра. Повеќе од една цела милијарда денари е долгот кон странски железници од 1991 па до денес. МЖ Транспорт има инвестиции од 49 милиони евра со средства од Светска банка и Европска банка за обнова и развој чиј поголем дел од основицата допрва треба да се враќа.

Ако минатата година претпријатието ја завршило со 896 години, тогаш 2019 според планот треба да ја заокружи со 1.089 работници со два досегашни објавени огласи за нови работни места, од кој првиот во декември лани за 118 вработувања на неопределено време. Во јануари годинава се објави дополнителен оглас за оние работни позиции што останаа непополнети со првичниот оглас. Во железничката транспортна компанија се вработија лица на неколку работни места, вклучувајќи инженери, референти, диспечери, хигиеничари, помошници машиновозачи, машино бравари, електричари, механичари, возоводители, маневристи и други позиции.

Инаку програмираните приходи за оваа година се нешто повеќе од 20 милиони евра, но расходите се движат кон 34,5 милиони, така што остатокот ќе мора да го субвенционира Владата. 

„Паралелно со одливот на вработени Друштвото изработи и план за нови вработувања со цел да не се наруши процесот на работа и безбедно одвивање на железничкиот сообраќај во кој во 2019 година би се вработиле 193 вработени од кои 117 вработени се примени во јануари, по основ на Јавен оглас за вработување, објавен на ден 12.12.2018 година“, вели заклучокот од МЖ Транспорт.

Од друга страна претпријатието признава дека поради акумулираните обврски како кон домашните коминтенти така и кон странските железници и добавувачи, се соочува со постојани тешкотии во работењето заради постоење на опасност од присилни наплати кои би предизвикале дополнителни трошоци. 

„Старосната структура на капацитетите на МЖ Транспорт АД Скопје го оптоварува експлоатациониот процес и ја зголемува потрошувачката на енергенсите. Ненавремените средни и големи поправки, проблемите во тековното одржување се провлекуваат со години а сето тоа се должи на недоволните финансиски средства . МЖ Транспорт АД Скопје постојано се соочува со голема неликвидност која е резултат на повеќе фактори и не е во можност да ги измирува обврските кои се настанати и кумулирани по разни основи“, велат од таму.

Железницата постојано добива опомени кои во секој момент би се актуелизирале и би го довеле претпријатието да се справува со тужби и присилни наплати. Опасноста од присилна наплата постои и од страна на добавувачите во земјата и странство бидејќи МЖ Транспорт АД Скопје не е во можност навремено да ги плаќа и истите постојано се акумулираат, иако со дел од добавувачите склучени се спогодби за одложено плаќање.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен