19 Април, 2024
0.0798

Eден човек ќе купи 4.000 станови во Берлин

Објавено во: Економија, Свет 29 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Eден човек ќе купи 4.000 станови во германскиот град Берлин и тоа ги налути жителите. 

Норвешки милијардер има намера да купи скоро 4.000 станови во градот каде покривот над глава стана луксуз, објави српски „Н1“. 

Жителите во објектите кои милијардерот има намера да ги купи веќе се побунија и бараат од градските власти да го искористат правото на предност при купувањето.

Меѓутоа, советникот на градскиот округ и заменик градоначалник на централната општина Берлин-Мите, Ефраим Готе, вели дека некои од зградите кои компанијата планира да ги купи во овој округ не спаѓаат во областите каде станарите се заштитени. 

Тоа е најголема инвестиција во недвижен имот во Берлин, откако сенатот во покраината воведе мерка со која се спречува произволно зголемување на закупнината.

Шведската компанија „Хелмстаден Бостад“ зад која стои норвешкиот милијардер Ивар Толефсен, најави дека има намера да купи 130 станбени згради во Берлин, односно, вкупно 3.902 станови, 208 деловни простории и 321 места за паркирање, кои чинат вкупно 830 милиони евра.

Во Берлин дел од граѓаните се во постојан судир со инвеститорите во секторот за недвижнини, затоа што цените на закупнините во градот во последната деценија се зголемија двојно. 

Проблемот е во тоа што цената на становите во Берлин отсекогаш била многу пониска, со оглед на тоа што граѓаните на Берлин отсекогаш заработувале помалку од германскиот просек. 

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите