Џонсон Мети: Привремено намалено производство со работа од дома
Објавено во: Економија 27 Март, 2020
Странскиот инвеститор Џонсон Мети објави дека привремено го намалува своето производството, така што дел од вработените ќе работат од дома, а дел ќе бидат на потребната оддалеченост.
„Џонсон Мети, како компанија, соодветно реагира на новиот корона вирус (КОВИД-19), наш главен приоритет е здравјето и безбедноста на нашите луѓе и онаму каде што е можно, ние безбедно ги одржуваме нашите операции за да се задоволат потребите на клиентите.
Во согласност со сегашните препораки на Светската Здравствена Организација и Владата, нашата фабрика привремено го намали производството“, информираат од таму.
Како дел од превземените мерки на претпазливост за заштита на здравјето и безбедноста навработените, привремено е побарано од нив, доколку е можно, да работат од дома
„За оние што не можат да работат од дома, имплементиравме мерки за социјална дистанца во сите погони и ги засиливме режимите за чистење за да се овозможи безбедно опкружување. Постојано и внимателно го следиме развојот на ситуација и го одржуваме нашиот персонал ажуриран. Им посакуваме добро здравје на нашите вработени и на граѓаните наРепублика Северна Македонија“, додаваат од таму.