19 Април, 2024
0.0278

Џон Калиан: Блокчејнот ќе создаде нови извори на приходи за компаниите, не се плашете од нови технологии

Објавено во: Македонија, Интервјуа 21 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Секоја компанија која сака да расте мора да вложува во истражување и развој, без оглед на нејзината големина, и да најде начин како средствата кои се вложени во иновации да создадат нови извори на приходи и поврат на самата инвестиција, порачува Џон Калиан, директорот на Т-Лабс на Дојче Телеком во Берлин. Калиан e еден од пионерите на примената на блокчејн технологијата во телекомуникациските оператори со мисија за примена на идеи кои се диструптивни и може да создадат нови начини на водење на бизнис, нови извори на приходи, подобри услуги за корисниците и подобрување на системите преку автоматизација во една компанија. Претприемачите не треба да се плашат од нови идеи, ниту од промена на статус кво состојбата на удобност на пазарната позиција бидејќи технологиите постојано се менуваат, а со нив се менува и самиот начин на кој се води еден бизнис. Фактор имаше ексклузивна можност да разговара со Калиан за употребата на блокчејн технологијата и што таа ќе значи за развој на бизнисот.

Каков е потенцијалот на употребата на блокчејн технологијата во развој на компаниите?

Калиан: Блокчејн е технологија која овозможува и верувам дека ќе биде технологија инволвирана во сите идни архитектури за развој и дизајн на софтвер. Ако ја споредиме со датабаза за складирање на податоци или управување со апликации, блокчејн ќе биде многу подобро решение. Блокчејн ќе обезбеди нов начин на доверба во податоците, да им веруваме на машините, да им веруваме на луѓето, тоа е многу фундаментална и нова технологија со која сега многу се експериментира, но за три до пет години, ќе биде сосема нормално да се употребува.


Вие работите во Т-Лаб на Телеком, како лабораторија за истражување и развој, колку е важно на едно место да соберете голем број на експерти и специјалисти и како овој принцип на работа преку изнаоѓање на иновативни решенија помага за развој на една компанија ?

Калиан: Нема многу луѓе кои се специјализирани за оваа нова технологија, брзо сфаќаат како функционира и не е голем технолошки скок за да се навлезе во блокчејн и да се разбере што претставува. Пинтересно е да се размислува како да се примени бидејќи од технички аспект многу брзо и лесно може да се научи како да се работи со блокчејн, но многу поважно е како да се користи, особено во системски дизајн. Следниот чекор ќе биде како бизнисите да профитираат, како да го користат за да создадат нови извори на приходи, но и сосема нови бизнис модели. Тоа се случува токму сега.


Сметате ли дека самиот блокчејн ќе прерасне во една сосема нова гранка која ќе нуди нови услуги и сервиси за корисниците, како ќе му помогне на приватниот сектор да креира нови решенија за пазарот?

Калиан: Не би рекол дека ќе биде посебна или нова гранка, туку технологија која ќе овозможува создавање на дополнителни или подобри услуги на приватниот сектор. Со блокчејн ја имате идејата за доверба и компаниите кои претходно не си верувале сега ќе може да имаат доверба во нивните системи. Затоа блокчејн ќе овозможи нов начин на соработка меѓу бизнисите и корисниците.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните