Добивај вести на Viber
Извршниот одбор на Мeѓународниот монетарен фонд на 26 септември одобри 405.000.000 евра, двегодишен Стенд-бај аранжман за Босна и Херцеговина. Програмата ќе помогне да се создадат услови за закрепнување на економијата и покрај тешкото економско опкружување, велат од ММФ.
„Главната цел на програмата е да се спротивстави на кризата од еврозоната која несомнено влијае и врз економијата на Босна и Херцеговина, додека во исто време земјата се соочува со сериозна реконструкција на системот", изјави Костас Кристо, шеф на мисијата на ММФ за Босна и Херцеговина.
Како дел од поранешна Југославија, Босна и Херцеговина помина низ многу трауматична трансформација, пред се во текот на војната 1992-1995-та година. Ова предизвика огромно човечко страдање, уништување на инфраструктурата, но и пад на ДДВ-то за 80 %.