Две земји го блокираа планот на Финска за датумот за преговори
Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2019
Франција и Холандија го блокираа предлогот на финското претседателство за датумот за преговори.
Финското претседателство со ЕУ официјално предложи да се раздвојат Северна Македонија и Албанија при одлучувањето за отворање на пристапни преговори
Франција е против почеток за преговори со која било земја, а дел од земјите членки на ЕУ имаат „поголем проблем со Албанија“.
Премиерот Зоран Заев е оптимист дека датум сепак ќе има, иако вели дека ништо досега не сме добиле лесно.
Владините претставници досега неколку пати порачаа дека Македонија направи компромис за името во спорот со Грција, со цел да напредува во евроинтеграциите.