20 Април, 2024
0.0313

Две сребра и една бронза за македонските каратисти на Светската Универзијада

Објавено во: Мои пари 01 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Македонските карате репрезентативци, кои што изминативе денови учествуваа на Светскиот универзитетски куп на боречки спортови во Самсун, Турција, од ова натпреварување се вратија со две сребрени и еден бронзен медал, како и три пласмани на петто место.

Во екипна машка конкуренција, нашиот тим во финалето загуби од репрезентацијата на Јордан со 1-3 и на тој начин стана вицешампион. Македонската екипа беше составена од Петар Спасеновски, Давид Петков, Димитар Илиевски, Глигор Петков и Петар Заборски.


Женската македонска репрезентација во финалето се бореше со Хрватска и загуби со 0-2, со што се закити со сребрено одличје. Ангела Мојсовска, Викторија Јовановска, Марија Петровска и Моника Пендаровска беа дел од нашата екипа.

Бронзен медал во поединечна конкуренција освои Давид Петков во категоријата борби под 67 килограми. Во битката за третото место тој го совлада украинскиот репрезентативец Давид Јановски со резултат 1-0.

Ангела Мојсовска (-68 кг.), Викторија Јовановска (-61 кг.) и Марија Петровска (-55 кг.) учеството во индивидуална конкуренција го завршија како петтопласирани во своите тежински категории.

- Задоволни и горди сме од постигнатиот резултат. Освоивме две сребрени и еден бронзен медал, како и три високи пласмани на петто место. Ова е одличен настап на вакво големо натпреварување од сите наши избраници. Оваа селекција веќе е докажана како многу квалитетна, а со малку среќа, можевме да имаме и двоен број медали. Поседуваме квалитет на високо технички подготвени врвни натпреварувачи и сега треба да го чекаме моментот кога секој од нив ќе биде медалист на некое следно првенство. Оваа генерација на каратисти во машка конкуренција се издвојува како најуспешна студентска генерација, бидејќи се единствени кои биле трипати финалисти во дисциплината екипно борби. Двапати на Eвропските Универзијади, прво во Загреб, каде што освоија сребрен и по две години и златен медал на универзитетските игри во Лоѓ, а сега станаа и сребрени медалисти на светски натпревар во карате спортот - истакна Бошко Заборски, селектор на македонската универзитетска карате репрезентација, како и на скопскиот клуб „Макпетрол“.

ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга