24 Април, 2024
0.0271

ДВЕ СЛАВНИ ЈУГОСЛОВЕНСКИ ЛИЧНОСТИ ПОЧИНАА ОД КОВИД: Титовиот адмирал Бранко Мамула и голманот Драган Пантелиќ ја изгубија последната битка

Објавено во: Балкан 20 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Еден од најважните воено-политички лидери на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија, пензионираниот адмирал на југословенската морнарица Бранко Мамула, почина на 101-годишна возраст од последиците предизвикани од корона вирусот, во неговиот стан во Тиват.

Бранко Мамула беше активен учесник во формирањето и развојот на поранешна Југославија, од Втората светска војна до распадот на СФРЈ. Тој беше назначен за началник на Генералштабот на ЈНА во 1979 година, каде што остана до мај 1982 година, кога беше назначен за федерален секретар за национална одбрана, кој го одржа до пензионирањето во највисокиот поморски чин - адмирал на флотата, во 1988 година.

Има напишано вкупно осум книги, вклучително и неколку професионални книги од областа на војување на море.

Борбата со корона вирусот не ја издржа и славниот голман, Драган Памнтрелиќ, кој синоќа почина на 69-годишна возраст. Фановите на фудбалот ќе го паметат како голман кој можеше да ги затресе мрежите на противничките тимови.

Легендарниот голман, кој бранеше поголем дел од својата кариера за Раднички од Ниш, не успеа да се избори за својот живот по неколкудневната борба на Универзитетската клиника во Ниш.

Кариерата ја започна во Лешница, а бранеше и за Графичар, Бордо Тимок и репрезентацијата на Југославија, која учествуваше на Олимписките игри во Москва во 1980 година и на Светското првенство во Шпанија во 1982 година.

За 20 години колку што траеше неговата фудбалска кариера, тој одигра 529 натпревари на клупско ниво и уште 19 во дресот на националниот тим. Она што го издвојува од останатите е неговата изведба на пенали при што безмилосно ги затресе мрежите на колегите од другата страна. Тој постигна вкупно 29 гола. Голот што го направи славен и кој веројатно ќе се памети засекогаш, го постигна против Вележ во 1980 година. Топката од неговиот гол заврши во противничкиот.


Можеби ќе ве интересира

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?