28 Март, 2024
0.0336

Две престижни признанија за „Медена земја“ на Интернационалните документарни награди ИДА во Лос Анџелес

Објавено во: Мои пари 08 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Документарецот „Медена земја“ освои две престижни признанија на 35. Интернационални документарни награди ИДА, што се одржаа вчеравечер (7 декември) во студијата на „Парамаунт“ во Лос Анџелес.

На најпрестижниот светски настан посветен на документарниот филм, кој е во организација на ИДА (Интернационалната документарна асоцијација) режисерот Љубо Стефанов и снимателот Фејми Даут ги примија: призанието „Pare Lorentz“ („Паре Лоренц“)  и наградата за најдобра кинематографија.

Наградата „Паре Лоренц“ на ИДА се доделува „за пример за филмско снимање, со истовремено фокусирање на соодветната употреба на животната средина, правда за сите и откривањето на социјалните проблеми“. Македонскиот документарец беше номиниран во уште две категории: за најдобар филм и за режија.

Вчеравечер во Берлин, Германија, пак, се одржа и свеченото доделување на „Европските филмски награди“, кои ги доделува Европската филмска академија. „Медена земја“ беше номиниран во категоријата за најдобар европски документарец за 2019 година.

Во меѓувреме нашиот документарец доби уште неколку номинации и признанија на престижни интернационални филмски фестивали. „Медена земја“ е македонски кандидат за „Оскар“ за најдобар интернационален филм. Номинациите за „Оскар“ ќе бидат соопштени на 13 јануари 2020 година.

Можеби ќе ве интересира

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери