ДВЕ МАЈКИ И ДВЕ ДЕЦА УТРИНАВА ПРИМЕНИ ВО „КОЗЛЕ“: Новозарзени со вирусот во Ковид-центарот 2
Објавено во: Македонија 15 Јули, 2020
Утринава во Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“ се примени нови заразени со корона вирусот, а како што информира за Фактор, директорот, д-р. Ангелчо Андоновски, станува збор за две мајки со две деца. Додава дека е примен уште еден возрасен пациент.
-Мометално во Ковид-центарот 2 се сместени 16 возрасни пациенти, 11 деца, а има и седум мајки, кои се позитивни на Ковид-19. Сите пациенти се во стабилна состојба. Очекуваме во текот на утрешниот ден да имаме испишување на пациентите, односно бројот на оздравени да биде поголем од новопримените, вели д-р. Андонов.
Во Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“ од почетокот на епидемијата со корона вирусот во Македонија беа примани само деца заразени со Ковид или суспектни на болеста, но од пред еден месец, откако беше пренаменет во Ковид-центар 2, се хоспитализираат и возрасни пациенти.
А.Б.