28 Март, 2024
0.0253

Два милиони евра за поддршка на селата и руралниот развој

Објавено во: Агробизнис 11 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Со два проекти вредни околу два милиони евра ќе се развиваат  македонските села. Парите ќе бидат наменети за инвестиции во градежништвото и вработувања. Владата направи измени на Програмата за рурален развој при што се определија 100 милиони денари кои таа наместо општините, ќе ги исплати на изведувачите на 40 помали проеки што се реализираат во 32 села. Со ваквата одлука, на општините ќе остане да го исплатат само својот дел од инвестицијата во висина од не повеќе од 30 отсто од инвестицијата, а некаде и во помал процент. - Тие немаат обврска да го исплатат инвеститорот па да бараат рефундација, затоа што исплатата ќе ја направи Владата, во висина од најмалку 70 отсто, а некаде и повеќе и со тоа овие инвестициони 40 проекти ќе бидат реализирани без застој, изјави владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев. При крај е изработката на првите четери проекти, за кои Владата комплетно ќе го рефундира износот определен со процент во договорот. Останатите 35 проекти се во рана или средна фаза од реализација. Агенцијата за развој и поддршка на земјоделството е задолжена за анексирање на договорите со општините и ќе ја преземе обврската да ги исплати изведувачите во износ од најмалку 70 отсто од проектите. Проектите се наменети за изградба на селски патишта и мостови, пристапни патишта до нивите и пристап до земјоделско земјиште, како и за урбанизација на централните делови на селата. Во следниот период како ќе бидат посетени околу 250 села од страна на четири стручни тимови од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и од Агенцијата за поддршка на развојот и земјоделството. Стручните тимови во селата имаат средби со земјоделците, на кои ќе се разговара за предизвиците и нивното надминување. Исто така предвидена е и  едукација на земјоделците за процедурите за легализација на нивната механизација и фармите, како и за процедурите што треба да завршат до август следната година.  

Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи