Дука: Се очекува утре 60 луѓе да бидат ослободени од домашна изолација
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 31 Март, 2020
Во домашна изолација се 198 лица во Дебар.
Градоначалникот Хекуран Дука, кој раководи и со општинскиот Оперативен штаб на денешната прес – конференција безбедносната состојба на подрачјето на Општина Дебар ја оцени како добра.
„Се очекува утре 60 од нив да бидат ослободени од домашна изолација, бидејќи помина периодот од 14-дневната изолација. Во текот на вчерашниот ден осум лица се испишани од Клиниката за инфективни болести во Скопје по успешното излекување“, рече Дука.
Вели дека е регистриран само еден случај на непочитување на полицискиот час и против лицето веќе е поднесена кривична пријава.
Дука додаде дека долж границата не се евидентирани илегални преминувања или било какви други проблеми.
Денеска има и нова жртва од Дебар.
Дебар и Центар Жупа се во кризна состојба.
Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 329 луѓе.
Прв на листата со најголем број заразени е Скопје, а зад него следи Дебар.