26 Август, 2019
0.0169

ДУИ бара од Заев да ја стави Бежовска за министер

Објавено во: Финансии 15 Јули, 2019


Премиерот Зоран Заев бил притиснат владиниот коалиционен партнер ДУИ да ја постави Анита Ангеловска Бежовска за министер за финансии за на нејзино место да може да биде назначен Фатмир Бесими како гувернер на Народна банка, објави Коха.

Државната комисија за спречување на корупција во порача на Заев дека не може до недоглед да биде и неформален министер за финансии односно дека треба што побргу да назначи опфицијален раководител на тој ресор.

Од друга страна, ДУИ го потсети премиерот дека имаат неформален договор дека во иднина на чело на централната банка треба да застане поранешниот министер за економија Бесими.

„Важно е дека ние не се откажавме од тоа, албански кадар, се разбира професионалец, да раководи со Народната банка на Северна Македонија. Ова беше и една од точките кога беа поделени ресорите заедно со СДСМ, кога беше формирана владејачката коалиција”, велат за Коха од ДУИ.

Бесими беше во комбинација да раководи со НБРМ и пред да биде назначена Бежовска за гувернерка.

Можеби ќе ве интересира

Најевтините хотели со 5 ѕвезди низ целиот свет

Најевтините хотели со 5 ѕвезди низ целиот свет

Колку изнесува просечната плата во Хрватска?

Колку изнесува просечната плата во Хрватска?

Германија бара работници: Се вработува квалификувана работна сила

Германија бара работници: Се вработува квалификувана работна сила

На што да внимавате кога барате работа во странство?

На што да внимавате кога барате работа во странство?

Каква „магија“ направи Андреја?

Каква „магија“ направи Андреја?

НЕ СЕ САМО МАКЕДОНЦИТЕ: Кои други народи немаат пари за летување?

НЕ СЕ САМО МАКЕДОНЦИТЕ: Кои други народи немаат пари за летување?