19 Април, 2024
0.0312

Дуцинас: Владата на Грција не глуми преговори, туку навистина преговара за името

Објавено во: Македонија 20 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Партеникот на грчката владеачка партија Сириза, Костас Дуцинас, и претседател на Парламентарниот комитет за одбрана и надворешна политика, професорот на Биркбек Универзитетот од Лондон, Костас Дуцинас смета дека Грција мора да ја сфати својата улога, но и одговорност на регионален лидер во контекст на преговорите за името со Македонија.

- Јас ве уверувам дека што се однесува на волјата кај „Сириза“, таа е сосема присутна. Оваа Влада не глуми преговори, навистина преговара. Свесни сме дека решението не е битно само за вас, туку и за Грција, и најважно – за целиот регион. Имајќи ја предвид секогаш чувствителната безбедносна ситуација на Балканот, ако не успееме да најдеме решение, постои опасност од раст на национализмот во двете земји, но и надвор од границите, во опкружувањето. Од друга страна, да се дојде до решение, тоа ќе значи дека испраќаме една силна порака до националистите и иредентистите насекаде дека ова се нови времиња, времиња на можности и на прогрес. Затоа решението е важно за сите. Ние мора да изградиме еден силен сојуз, не само со вашата земја туку и со Албанија, со Бугарија. Грција и покрај кризата, останува најголема и економски најмоќна земја во регионот, ние мора да сме свесни дека тоа ни дава една одговорност да им помогнеме на нашите соседи и на целиот регион, да растеме заедно“ вели првиот човек на Комитетот за надворешна политика и одбрана во изјава за „Капитал“.

Дуцинас е познат по своите критики кон екстремниот национализам и токму во таа насока отворено вели дека против тоа зло мора сите одговорни политики и општествени фактори да се борат обединето. Тој е познат по своите либерални ставови и е силно почитуван во академските кругови, не само во Грција туку и во светски рамки. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите