29 Ноември, 2021
0.0229

Државен удар ја „зовре“ атмосферата во Судан - на улиците имаше судири

Објавено во: Свет 25 Октомври, 2021

Во Судан имаше државен удар. Воените сили утрината го упасиле премиерот Абдула Хамдок и други членови на преодната цивилна влада. 

Неколку часа подоцна прогласија вонредна состојба. Во главниот град Картум имаше судири меѓу демонстрантите и војската. Протести избија во целата земја. Апсењата се случуваат по неколкунеделни  тензии меѓу цивилните и воените лидери на Судан. Генералниот секретар на Арапската лига ги повика сите страни да се придржуваат до договорот за поделба на власта од август 2019 година.

Обединетите нации денеска го осудија воениот удар во Судан и повикаа на итно ослободување на вршителот на должноста премиер на земјата и другите членови на владата. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш истакна дека премиерот Абдала Хамдок и сите други официјални лица кои беа уапсени од суданските безбедносни сили рано утринава „мора веднаш да бидат ослободени”.

„Мора да има целосно почитување на уставната повелба за да се заштити тешко издејствуваната политичка транзиција”, напиша Гутереш. 

Војската, пред да биде договорена демократска транзиција, во јуни 2019-та година пукала учесниците на протестите во престолнината Картум, а притоа се убиени 87 луѓе.

Можеби ќе ве интересира

Оваа земја две недели нема да прима странци поради новиот сој омикрон

Оваа земја две недели нема да прима странци поради новиот сој омикрон

Светот е во „трка со времето“ со омикрон, вели Фон дер Лајен

Светот е во „трка со времето“ со омикрон, вели Фон дер Лајен

ПО 200 ЕВРА КАЗНА ЗА ТОЈ ШТО ЌЕ ОДБИЕ ДА НОСИ МАСКА, СЕКОЈ НАРЕДЕН ПАТ ДВОЈНО - еве која држава е решена вака да се справи со омикрон

ПО 200 ЕВРА КАЗНА ЗА ТОЈ ШТО ЌЕ ОДБИЕ ДА НОСИ МАСКА, СЕКОЈ НАРЕДЕН ПАТ ДВОЈНО - еве која држава е решена вака да се справи со омикрон

Курц објави како ќе се вика неговиот син

Курц објави како ќе се вика неговиот син

ЗЕМАН СТОЕШЕ ВО ПОСЕБНА КАБИНА: Чешкиот претседател го назначи новиот премиер во посебни услови

ЗЕМАН СТОЕШЕ ВО ПОСЕБНА КАБИНА: Чешкиот претседател го назначи новиот премиер во посебни услови

ОМИКРОН ПОТВРДЕН КАЈ 13 ПАТНИЦИ КОИ СТАСАА ВО ХОЛАНДИЈА: И другите позитивни се во карантин

ОМИКРОН ПОТВРДЕН КАЈ 13 ПАТНИЦИ КОИ СТАСАА ВО ХОЛАНДИЈА: И другите позитивни се во карантин

ОМРИКОН КОВИД СТАСА И ВО АВСТРАЛИЈА: Двајца патници од Доха се во карантин

ОМРИКОН КОВИД СТАСА И ВО АВСТРАЛИЈА: Двајца патници од Доха се во карантин

ГРЧКИОТ ВЕТЕРИНАР, ПРВИОТ ЧОВЕК НА ФАЈЗЕР ЛАНИ ЗАРАБОТИЛ 21 МИЛИОН ДОЛАРИ: Платата и бонусот му пораснале за 17 отсто

ГРЧКИОТ ВЕТЕРИНАР, ПРВИОТ ЧОВЕК НА ФАЈЗЕР ЛАНИ ЗАРАБОТИЛ 21 МИЛИОН ДОЛАРИ: Платата и бонусот му пораснале за 17 отсто

САД забрани влез од седум африкански држави: Омрикон нов предизивик за Бајден

САД забрани влез од седум африкански држави: Омрикон нов предизивик за Бајден