25 Април, 2024
0.0295

Државата купи резервна руска нафта за половина милион евра

Објавено во: Економија 17 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Агенцијата за задолжителни нафтени резерви на 4 март додека воениот конфликт во Украина беше во ек, на „Лукоил“ му исплатила 30.000.000 денари, или безмалку половина милион евра за дизел гориво.

Договорот сепак е постигнат на 16 февруари, а „Лукоил“ треба да испорача до 661.880 литри нафта за државните складишта. Ова е најголема исплата на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви кон Лукоил, надминувајќи го досегашниот рекорд со овој трговец во јуни 2013, кога во еден ден му биле исплатени 23.161.630 денари. Со овој набавувач постои и договор за чување и складирање на горивата. Најголем снабдувач годинава на агенцијата е Окта со исплатени 120 милиони денари за дизел гориво во делливата јавна набавка со Лукоил.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи претходно рече дека граѓаните кои се снабдуваат со нафта од руски компании во земјава, индиректно ја финансираат руската армија.

„Мислам дека Русија, Руската Федерација, главно се финансира преку извори на енергија. Доминантните приходи на Руската Федерација се од готови енергетски ресурси. Секако дека со нивното купување се финансира руската армија, таму нема дилема“, нагласи пред една недела Османи.

Агенцијата за задолжителни нафтени резерви за своите набавки се финансира од надоместок за финансирање на задолжителните резерви и наплаќа по 0,89 денари од литар бензин и 0,3 денари од литар дизел. Надоместок се наплаќа и од другите горива. Очекуваните приходи за 2021 според акцискиот план биле повеќе од 8 милиони евра. Дел од приходите, покрај за набавка на резервни горива, се наменети и за складирање и чување.

Македонија има во задолжителните резерви на нафтени деривати вкупни горива кои покриваат потреби за 54 дена, според тврдењето на првиот човек на Агенцијата, Уљуси Бекири. Тој вели дека од дел од горивата има резерви и за повеќе денови. Прашањето за количината на нафтени резерви се актуелизираше со конфликтот, односно по инвазијата на Русија во Украина и растот на цените на енергентите. 

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија