19 Април, 2024
0.0294

Државата ќе дели дополнителни 8,5 милиони евра годишно за дневници за јавниот сектор што работи во недела

Објавено во: Економија 21 Април, 2021

Добивај вести на Viber

За вработените во јавниот сектор за исплата на дневници за работа во недела ќе бидат потребни дополнителни 8,5 милиони евра од државниот буџет штом се донесат измените на Законот за работни односи, со кој на голем број дејности ќе им биде забрането да работат во последниот ден од седмицата. 

Ова е наведено во буџетските импликации во нацрт-законот што е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи и засега е во фаза на коментирање пред да влезе во Собранието. Тоа значи дека освен работодавачите во приватниот сектор, повисоки дневници ќе исплаќа и државата за своите вработени.

„За спроведување на овој закон, се потребни дополнителни финансиски средства од Буџетот на Република Северна Македонија. Врз основа на расположивите податоци за бројот на вработени во јавен сектор, кои би работеле во недела ( 30%), просечната плата во земјата, се проценува дека фискалните импликации би изнесувале околу 43.100.000 денари месечно, односно 516.600.000 денари на годишно ниво.“, се вели во оцената на финансиските средства потребни за спроведување на законот.

Станува збор за дејностите во јавниот сектор кои вообичаено работат и в недела, како што е јавната управа, инспекцијата, одбраната, судовите, полицијата, пожарникарите, здравството, социјалната заштита со сместување,музеите, царинската служба, но и оние кои работат во зоолошки градини и природни резервати.

Работникот покрај правото на додаток на плата за работа во недела, има право и на користење на неделен одмор во наредните седум дена. Додатокот на плата за работа во недела изнесува најмалку 50 отсто за секој час поминат на работа,  доколку со закон и колективен договор не е утврден повисок износ на додатокот.

Во недела ќе може да се одржуваат спортски, забавни и рекреативни дејности, погреби, да работи фармерството, аптеките, , ископ на руда и метал, печатниците, пекарниците, металургијата, производство на плочи, листови, цевки и профили од пластични маси, енергетиката, транспортот, подготовката на храна, подготовка на храна, телекомуникациите, кол-центрите, кината и друго, меѓу кои и придружните дејности.

Објавен е и нацрт-законот за измени на Законот за трговија во кој е дефинирано дека во оваа област во недела ќе можат да работат само продавници, киосци и штандови во трговските центри (молови), понатаму специјализирани продавници или киосци, бензински пумпи, штандови кога има настани и маалските гранапи на трговци-поединци.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите