19 Април, 2024
0.0253

Драстично е намален бројот на Македонци кои патувале во Грција

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 02 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Драстично се намалил бројот на патувања од земјава во Грција. Во текот на 2020 година имало за 84,5 отсто помалку пристигнувања од Македонија во Грција. 

Од над три милиони пристигнувања во 2019 година по копнен пат од Северна Македонија во Грција, минатата годин поради пандемијата и затворените граници, бројот е сведен на 500.000. Тоа значи дека е регистриран пад од 84,5 отсто, во согласност со податоците од Институтот на Здружението на грчки туристички бизниси (ИНСЕТЕ), јави дописничката на МИА од Атина. Во 2019 година, се регистрирани  3.250.120 пристигнувања по копнен пат од Македонија во Грција, наспроти 503.894 лани, од кои 311.706 пристигнувања се во првите два месеци од 2020 година, пред почетокот на пандемијата. Во јануари регистрирани се 149.020 пристигнувања, за 90.8 проценти повеќе од истиот месец во 2019 година, во февруари 162.686, скоро на исто ниво како и една година претходно. Намалувањето започнува од месец март, по воведените први рестрикции, по што имаше период од два месеци кога границите  беа целосно затворени. Пред пандемијата, најголем  дел од македонските граѓани патуваа  на море во Грција. Кај јужниот сосед туризмот има значаен удел во националниот БДП. 

foto freepik

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?