ДРАМА ВО НОВИ ПАЗАР: Момче пропадна во дупка откако се скрши бетонска плоча покрај базен
Објавено во: Балкан 01 Август, 2021
Млад човек од Нови Пазар бил полесно повреден кога паднал во дупка, кога под него се урнала бетонска плоча на Градскиот базен.
Тој се здобил со повреди на ногата, вратот и главата, а по добиената помош во Општата болница, тој е пуштен на домашно лекување.
„Се се случи во секунда, за среќа тука немаше некое дете, туку попаднав јас. Добро сум, се случуваат вакви работи, нема да обвинам никого“, изјавил кусо младиот повреден човек.
Градскиот базен беше испразнет по несреќата, која се случи околу 12 часот, а поради санација и преглед на останатиот дел од комплексот, не работеше.
Закупците на базенот изјавле дека жалат за несреќата, и најавија дека базенот ќе продолжи да работи веќе од понеделник.
„Дојде до пад на бетонската плоча на која, за жал, во тој момент имаше млад човек кој падна во дупка длабока околу еден метар и триесет сантиметри. Немаше индикации дека ова може да се случи. Проверивме се и нашите посетители не треба да стравуваат. Се е во ред, базенот е целосно безбеден“ рече Ганиќ.
Извор: Блиц.рс
Фото: Фејсбук