ДРАМА НА ФРАНЦУСКОТО НЕБО: Авион ја промаши пистата и слета во езеро
Објавено во: Свет 24 Септември, 2022
Аеродромот во близина на Монпеље, на југот на Франција, денеска беше затворен на неодредено време, откако товарен авион при слетувањето ја прелета неговата писта и се урна во водата на соседното езеро.
Три лица во авионот се спасени неповредени од Боингот 737, кој бил натоварен со воздушен товар, пренесува АП.
Несреќата се случи пред зори во саботата, а авионот застана во трска, трева и вода на аеродромот надвор од градот Монпеље, соопштија регионалните власти.
Аеродромот е затворен за патнички и карго летови додека авионот не се премести. Несреќата е под истрага.