ДПА не отстапува - сака вицепремиерско место во новата влада
Објавено во: Македонија 23 Февруари, 2020
Откако лидерот на СДСМ Зоран Заев најави можност за коалиција со партии од албанаскиот етнички блок, ДПА излезе со барање - доколку социјалдемократите сакаат да соработуваат со нив, треба да им обезбедат место вицепремиер во новата Влада.
Од ДПА изјавиле дека нема шанси да одат во заедничка коалиција со БЕСА, бидејќи како што велат, тоа за нив е мртва партија.
Од ДПА нагласиле дека се водат преговори за коалиција со НДП на Весел Мемеди. За коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, пак, обзнаниле дека тоа би било тешко изводливо, откако двете партии политички се разведоа во 2008 година.