19 Април, 2024
0.0315

ДОСИЕ: Разрешена судијката која ги казни Фатиме Фетаи и Катица Јанева додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт

Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Судијката Татјана Михајлова денеска е разрешена од Судскиот совет. Како причина се наведува нестручно работење и злоупотреба на АКМИС системот. Поранешна вд-претседателка на Кривичен суд изминатите години ја следеа бројни контроверзи во нејзиното работење.

Наа специјалните јавни обвинителки Катица Јанева и Фатиме Фетаи во 2017 им пресуди казна од 2000 евра поради непочитување на судот (Обвинителката Фетаи, откако не ѝ беше даден збор од Михајлова, стана и ѝ рече дека не е дојдена во судот за да види колку е убава, а потоа ја обвини Михајлова дека направила фалсификат со записникот од претходното рочиште).

Без да ја образложи причината за отстапувањето од судската фотелја Михајлова ја напушти улогата која ја имаше во најважниот суд во државата. Судијката се повлече од функцијата в.д. претседател затоа што Врховниот суд поништи седум од осумте прераспоредувања што таа ги потпиша, а во судските кругови се шпекулираше дека таа се повлекла за да му го ослободи повторно столчето на контроверзниот Владимир Панчевски.

Која е судијката Татјана Михајлова?

Штури информации може да се најдат на официјалната страна на судот за биографијата на судијката Татјана Михајлова. Нема наведено никакви информации за образование, ниту искуство. Единствено пишува име и презиме, дата на раѓање и дека работи на кривична материја.

Михајлова работеше на случајот со новинаротТомислав Кежаровски познат под името „Ликвидација“ каде новинарот беше осуден на четири и пол години затвор, но по реакциите на јавноста казната му беше намалена на две години.

Михајлова е судијката што орвично им судеше на екс премиерот  Никола Груевски, и екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година, случај кој го водеше Специјалното јаво обвинителство.

Михајлова на подготвителното рочиште за случајот „Шамари“ донесе решение со кое забрани дел од „бомбите“ и заштитен сведок да бидат користени како докази во судењето против Груевски и другите 13 обвинети.



Можеби ќе ве интересира

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата