Досие Никола Димитров: Крајот на вечниот функционер

Објавено во: Македонија 14 Јануари, 2022
Никола Димитров имал државни функции во речиси сите македонски влади во досегашната историја вклучувајќи ги премиерите Црвенковски, Георгиевски, Груевски и Заев. Единствено новиот мандатар Ковачевски немал доверба во овој вечен функционер.
Никола Димитров повеќе нема да биде дел од македонската Влада, ниту ќе извршува дипломатски функции бидејќи како што самиот кажа одбил да биде амбасадор најверојатно во САД.
Договорот по секоја цена
Димитров ќе остане запаметен како министерот за надворешни работи кој го потпиша Преспанскиот договор. Од иницијаторите на договорот со кој се стави крај на спорот за името повеќе никој не е на власт, иако Заев, Ципрас и Венизелос го прогласија договорот за историски.
Токму компромисот со Грција ги обезружува Димитров да говори дека Османи сакал договор со Бугарија по секоја цена. А што направи Димитров во истата фотелја додека преговараше со Грците?
Прифати договор со кој Македонија го менува државното име за севкупна употреба, го брише целиот институционален идентитет каде не смее да се користи придавката македонски, Македонците стануваат граѓани на Северна, дел од античкиот период на историјата целосно се брише, и ред други последици. Притоа нема никакви механизми кои ќе гарантираат членство во Европската Унија каде повторно сме заглавени.
Камбекот на „амстердамецот"
Да потсетиме дека Димитров беше дел од т.н. „Аместердамска тројка” формирана од поранешни владини функционери во времето на Никола Груевски кои во 2015 година почнаа да го критикуваат неговото работење.
Критиките за владеењето на режимот на Груевски ги немаше додека истите ги вршеа функциите во неговата влада. Димитров беше амбасадор во Холандија. Претходно беше претставник на Македонија пред меѓународниот суд во Хаг. Македонија ја победи Грција во спорот во кој докажа дека јужниот сосед ја прекршил Времената спогодба со ветото во НАТО и ЕУ.
Димитров со „тројката" наводно требаше да иницира реформи во ВМРО-ДПМНЕ и да предводи граѓански движење. На крајот се појави на протестот организиран од СДСМ и шарените револуционери како и приврзаници на Заев. Исто така беше подржувач и на протестите за СЈО.
Министер за надворешни работи стана во 2017 година во Владата на Заев во коалиција со Ахмети што беше големо изненадување за многумина. По предвремените избори во 2020 година беше „делегиран” во Секретаријатот за европски прашања, а местото на прв дипломат му го отстапи на Бујар Османи, притоа задржувајќи и вицепремиерска позиција во Владата.
Срамота е луѓе
Како политичар кој долго време бил амбасадор и на врвот на македонската дипломатија, излезот од власта го направи прилично недипломатски.
На прес конференција на неколку дена на истек на мандатот, Димитров изнесе наводни шокантни тврдење. По секоја цена ќе се нашол договор со Бугарија. Тој требало да биде премиер со меѓународна поддршка, ама некој не сакал да остане во земјата, наводно пречел во многу планови.
Сите критики кои Домотров ги изрази можеше многу порано да ги стави на увид на јавноста, да протестира против нив ако смета дека се штетни, па дури и да си поднесе оставка од морални причини.
За него често се прогнозира дека може да биде и кандидат за претседател на државата како највисока државна функција, но таква шанса никогаш не доби со оглед на популарноста на Стево Пендаровски. Тие двајца имаат слична кариера траекторија од кабинетот на поранешниот претседател Борис Трајковски до многу функции, политички сојуз со Заев и борба со власта на Груевски.
Димитров ќе остане и запаметен по испадот на еден предизборен митинг одговарајќи на нападите од опозицијата за компромисот со Грција, но и внатрешните проблеми во земјата како реформи во правосудството. Посочи дека е срамота тие да се жалат за правдата кога биле подготвени да ја нападнат сопствената држава за да избегаат од одговорноста.
Х.С.Можеби ќе ве интересира
„Се ангажираат лица кои не можат да одговорат на потребите“: Конторлорите на летови на 12 октомври ќе штрајкуваат
ПОСТАПКАТА И ПО 28 ГОДИНИ Е ОТВОРЕНА: Клучните детали од атентатот на Глигоров

ОВА Е МОМЧЕТО ЗА КОЕ МАЈКАТА ОБВИНИ ДЕКА БИЛО ВРЗУВАНО ВО „ДЕМИР ХИСАР“: „Го пуштија од болница затоа што доаѓала ЕУ мисија- не сакале да го видат врзан и како зомби“

ОД КАФУЛЕ, ЗАЕВ ГО ПРОШЕТА ЦИПРАС ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА ОД КАДЕ ЈА ВОДЕШЕ СТРУМИЦА: Костадинов им беше домаќин, ги пречека во општинската зграда

СЕ „БИЛДА“ ПАТРИОТИЗАМ ВО УЧИЛИШТАТА ВО АЕРОДРОМ: Муцунски најави-секој понеделник, денот на учениците ќе почнува со химната

НИКОГАШ ВО ИСТОРИЈАТА НЕМАЛО РАСТ НА ПЕНЗИИТЕ ЗА 24 ПРОЦЕНТИ: Тренчевска вели се грижат за пензионерите

„ПРОГНОЗИТЕ ЗА СНЕГ СЕ СТАРИ, ДОПРВА ДОАЃААТ НОВИ!“ Ќе ги зголемат ли новите анализи предвидувањата за снежни врнежи во Европа?

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна постапката за изградба на споменици на Карпалак, Вејце и Љуботенски Бачила, но ќе се гради и Музеј на УЧК во Арачиново

Заев и Ципрас се сретнаа со струмичкиот градоначалник Костадинов
