ДОРИЈАН ПУСТОШИ ВО КАНАДА: Ветрот урна кран и покрив на зграда
Објавено во: Свет 08 Септември, 2019
Ураганот Доријан стигна во Канада, а повеќе од 300.000 луѓе се без струја.
Жителите на Нова Шкотска се подготвија за обилни врнежи и можни поплави долж брегот, додека властите во главниот град на провинцијата Халифакс, ги повикаа луѓето да ги соберат тешките предмети, кои за време на силните ветрови би можеле да повредат некого.
Во центарот на Халифакс ветрот собори кран, кој се урна на станбена зграда во изградба. Во јужниот дел на градот се урна покрив на станбен комплекс, а неколку згради се евакуирани.
Доријан сега е во категорија на многу интензивна пост-тропска бура, а јачината на ветрот е 150 километри на час, што е еднакво на ураган од 2 категорија, соопшти Канадскиот центар за урагани.