20 Април, 2024
0.0277

Дополнете го вашиот карактер со новиот HUAWEI P40 lite

Објавено во: Мои пари 30 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Заедно со премиерата на предводниците на P40 серијата, Huawei го најави ипретставникот во особено популарниот high-end сегмент од средната класа - P40 lite. Huawei P40 lite комбинира атрактивен дизајн, иновативна четирикратна камера, батерија со висок капацитет од 4200mAh и моќен чипсет Kirin 810. 

Овој производ ќе биде достапен во Северна Македонија од 6 април, во три бои - класичен Midnight Black, нежен SakuraPink и исклучителен Crush Green, во конфигурација од 6 GB RAM и внатрешна меморија од 128 GB. Huawei P40 lite доаѓа со ажурирана HUAWEI AppGallery, сопствена продавница за апликации на компанијата, а корисниците добиваат дополнителни 15 GB слободен простор за складирање на HuaweiMobileCloud за 12 месеци и специјалната услуга HuaweiVIPService.

Стилска четирикратна AI камера што поставува нови трендови

HuaweiP40 lite користи матриксен распоред за својата четирикратна камера.

Главната камера од 48MP ја поддржува најновата технологија на Huawei, која комбинира неколку кадри во една сесија. Камерата со ултра широк агол од 8MP нуди преглед од 120° за совршени пејзажни, архитектонски или групни фотографии. Макро-леќите можат да се фокусираат на оддалеченост од 4 см, а интелигентниот сензор помага при природни, длабоки ефекти при снимање на портрети.

Четирикратната камера на HUAWEIP40 lite исто така поддржува SuperNight режим, дозволувајќи им на корисниците да направат одлични ноќни снимки во движење без употреба на статив. За креирање видео, HUAWEI P40 lite го поддржува и моќниот AIVideoEditor, кој може да се користи за додавање музика во позадина и прилагодувања на кадри, со што им овозможува на корисниците да создаваат содржини за социјалните мрежи, каде и да се.

Покрај тоа, ISP процесорот од четврта генерација работи во синхронизација со софтверот за уште подобро потиснување на бучавата и корекција на прекумерно изложените кадри.


Моќност за работа и забава

Чипсетот е во срцето на паметниот телефон и е клучен за неговите перформанси и потрошувачката на енергија. Тука, чипсетот Kirin 810 е произведен со употреба на водечки во индустријата 7nm процес. Споредено со чипови од 8nm, Kirin 810 има 50% поголема густина на транзистор и 20% поголема енергетска ефикасност.

8-јадрениот процесор и графичкиот процесор Mali-G52 MP6 обезбедуваат непречено функционирање и забава, а новата GPU Turbo технологија додава зголемен фрејмрејт и подолг век на траење на батеријата, што секој мобилен гејмер ќе го цени.

Додека играат и се забавуваат, корисниците можат истовремено да разговараат со своите противници во специјално прилагодениот прозорец за разговор во интерфејсот на играта.

Батеријата со импресивен капацитет од 4200mAh поддржува TÜV Rheinland сертифицирана 40W HUAWEI SuperCharge технологија за брзо полнење. Уредот може да се наполни до 70% за само 30 минути.

Иконски дизајн и супер ноќно селфи

HUAWEI P40 lite ја има најновата генерација на HUAWEI Punch FullView дисплеј без слотови, дијагонала од 6,4 инчи, резолуција со Full HD+ и широк спектар на бои. Постигнат е импресивен сооднос на екранот со телото од 90,6%.

Новиот HUAWEI P40 lite, исто така, доаѓа со особено привлечната карактеристика на предната камера - Super Night Selfie 2.0 за неверојатно селфи при слаба светлина.

EMUI 10 и HUAWEIAppGallery разновидна продавница на апликации

P40 lite е базиран на Android и доаѓа со познатиот интерфејс дизајниран како списание - EMUI 10 за целосно и пријатно корисничко искуство. Исто така, доаѓа и со сопствената продавница за апликации на Huawei - AppGallery. Од започнувањето во април 2018 година, Huawei AppGallery се зголеми со неверојатна стапка и сега нуди иновативни услуги на повеќе од 26 милиони месечни активни корисници во Европа и 400 милиони корисници ширум светот. За помалку од две години, платформата сега е достапна во над 170 земји. 

HUAWEI AppGallery доаѓа со целосна заштита и безбедност, вклучувајќи верификација на името на развивачот и систем за безбедност од 4-степени при работа на апликација. Сите апликации минуваат низ строго тестирање за да спречат злонамерно дејство. Исто така, тој има систем за контрола на возраста, што создава безбедно опкружување за децата, спречувајќи ги да пристапат до содржини што не се соодветни на возраста.

Достапност во Северна Македонија

P40 lite ќе биде достапен во Сетек и Нептун, a кон крајот на април и во Македонски Телеком, по препорачана цена од 17,999.00 денари.

Со купувањето на уредот, корисниците ја добиваат и услугата за лична помош HuaweiVIPService за непречена транзиција од нивниот стар уред на нивниот нов уред. HuaweiVIPService нуди и бесплатна линија за услуги на клиентите - 0800 55 550 и нов комерцијален форум на Huawei, кој постојано ќе се ажурира со информации за употреба на глобални и локални апликации за паметни телефони базирани во AppGallery - https://consumer.huawei.com/en/community/list/?forumId=40383

За Huawei Consumer Business Group

Производите и услугите на Huawei се достапни во повеќе од 170 земји и ги користат 1/3 од светското население. Компанијата има 14 истражувачки центри во САД, Германија, Шведска, Русија, Индија и Кина. Huawei Consumer BG е една од трите деловни единици на компанијата и е активна во областа на мобилни телефони, компјутери и таблети, преносни и софтверски уреди и сл. Глобалната мрежа на Huawei е изградена со скоро 32 години искуство во телекомуникациската индустрија, а целта е да се испорачаат најновите технолошки иновации на потрошувачите ширум светот.

За повеќе информации: https://consumer.huawei.com/mk/

За најновите информации во врска со Huawei Consumer Business Group, следете нè на:

Facebook: facebook.com/HuaweimobileMK/

Twitter: twitter.com/huaweimobilemk


Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга