18 Април, 2024
0.0272

Донаторска акција на ракометни дресови во Битола, собрани 60.000 денари

Објавено во: Мои пари 28 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Битолчани собраа 60.000 ден откупувајќи ги на аукција дресовите на ракометарите на Еурофарм Пелистер како дел од донаторската акција на Ротаракт клубот Битола со несебична поддршка на битолските компании SN осигурителен брокер, ЈК травел и SN финансии кои го поддржаа овој настан.

Одличен спој на поддршка на битолскиот спорт и пример за хуманоста кон оние на кои им е потребна поддршка.

Присутните активно учествуваа во наддавањето, при што за различни вредности беа откупени понудените клубски дресови на битолските ракометари со нивни автограми. Средствата ќе бидат донирани на социјално загрозени семејства во земјава.

Дресот на легендарниот голман, битолчанецот Никола Митревски ја достигна највисоката цена започнувајќи од 1.000 денари, а беше продаден за 18.000 денари.

Во публиката беа и ракометарите кои за прв пат присуствуваа на ваков настан и со радост најавија и идни хумани акции во кои сакаат да имаат директно учество.

Тие ги подарија нивните дресови за аукцијата, а за возврат ги добија како подарок првите клуб картички на компаниите SN осигурителен брокер, ЈК травел и SN финансии со што стануваат членови на ова големо семејство.



Можеби ќе ве интересира

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

Тркалезна маса на тема развој на македонскиот фриленс екосистем

Тркалезна маса на тема развој на македонскиот фриленс екосистем