20 Април, 2024
0.0949

ДОНАЦИЈАТА ВАКЦИНИ ОД БУГАРИЈА ДОЦНИ: При крај е административната процедура и сите дози ќе бидат искористени, уверува МЗ

Објавено во: Македонија 15 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Бугарските пратеници на 8.септември го ратификуваа договорот за донирање 51.480 дози од вакцината на Фајзер/БиоНТек на Македонија, а ратификацијата која требаше да се случи уште во јуни, заврши на почетокот на месецов по апелите на бугарскиот министер за здравство, Стојчо Кацаров, бидејќи нивниот рок на траење е до крајот на месецов, односно до 30.септември. Иако дози требаше да бидат во Македонија уште во јуни, пратката доцни и сега, иако здравствените власти најавија дека до средината на месецот ќе стигнат, за да има доволно време да бидат аплицирани.

Во одговор за Фактор, Министерството за здравство посочува дека при крај е административната постапка и дека сите 51.480 дози ќе бидат искористени во рок од пет до седум дена.

-Во моментов се завршуваат административните процедури за реализирање на донацијата. Количината вакцини што ќе ја добиеме како донација, согласно точните проекции за потребите за ревакцина со вакцината на „Фајзер“, како и големиот интерес за прва доза од овој производител, сите дози ќе бидат аплицирани далеку пред истекување на рокот на важност, односно во период од 5 до 7 дена од нивната дистрибуција на пунктовите, велат од Министерството за здравство.

Министерството нагласува дека дневно во Македонија во просек се аплицираат околу 10.000 вакцини, а најголем процент е токму од производителот „Фајзер“, и уверуваат дека граѓаните може да бидат спокојни дека сите вакцини ќе бидат безбедни и со важечки рок во моментот на вакцинирање.

Инаку, во текот на вчерашниот ден се дадени 15.424 вакцини, од кои прва доза примиле 2.728 граѓани. Заклучно со вчера, според податоците од Министерството за здравство, аплицирани се вкупно 1.397.773 дози вакцини, а ревакцинирани се 636.193 граѓани. Со последните бројки 54% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 30% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата.

Министерството посочува дека сите вакцини се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата.

-Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истатанагласуваат од Министерството за здравство.

Инаку, ова е прва донација од Бугарија, а пратката која треба да пристигне, односно 51.480 дози вакцини од компанијата Фајзер е вредна 800.000 евра.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан