20 Април, 2024
0.0270

Донација од ЕуроникелИндустри за Општата болница во Кавадарци

Објавено во: Мои пари 12 Август, 2020

Добивај вести на Viber

ЕуроникелИндустри за Општата болница во Кавадарци донираше пет медицински апарати: дефибрилатор, ЕКГ апарат, инфузомат, аспиратор и дигитален пулсоксиметар со монитор. Целта на донација е подобрување на здравствените услуги и зголемување на капацитетите на општата болница со функционална опрема за што поквалитетна нега на пациентите.

„Едно од начелата според кое функционира нашата компанијата е да бидеме активен учесник во подобрување на квалитетот на живототво заедницата од која сме дел, да дадеме свој придонес и да излеземе во пресрет на потребите на граѓаните. Затоа, во период кога здравствените институции се соочуваат со дополнителни проблеми и недостатоци заради здравствената криза, а истовремено подеднакво е важно пациентите да ја добијат потребната нега и за другите здравствени услуги, нашата помош ја насочивме кон здравствениот сектор и снабдување со медицинска апаратура на Општата болница во Кавадарци. Веруваме дека ова е значаен придонес кон функционирањето и зајакнувањето на локалните болнички капацитети“, изјави Герасим Кујунџиев, директор на Еуроникелиндустри.

Од Општата болница Кавадарци велат дека е направен избор на апарати што се најпотребни и неопходни во овозможување брза, навремена и ефективна медицинска нега.

„Голема благодарност до компанијата ЕуроникелИндустри која ја овозможи оваа донација, покажувајќи свесност и ангажиран однос кон потребите на здравствената установа, а со тоа и кон граѓаните од Кавадарци и околните населени места. Донацијата е наменета за новиот женски оддел за интерни болести, каде веднаш ќе биде ставена во функција и ќе овозможи стручно и квалитетно лекување на пациентите кои ќе бидат сместени на овој оддел”, рече директорот на ЈЗУ Општа Болница, Кавадарци, Д-р. Диме Коцев.

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга