15 Август, 2020
0.0508

Домашни инвеститори во зоните нема, договорите со странските енигма

Објавено во: Економија 28 Мај, 2020

Успеа ли Владата во намерата да ги изедначи домашните со странските инвеститори како што ветуваше кога го доби мандатот. До сега единствена домашна успешна компанија која инвестирала во зона е ХАЈ ТЕК.  Дел од познавачите велат дека ова испадна јалова борба, а тврдат и дека сепак бројот на компании кои инвестирале не ги оправда очекувањата. Премиерот Оливер Спасовски со други владини претставници вчера беше на увид во градежните работи во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 2 Бунарџик.

Спасовски рече дека се во полн ек работите на комплетирање на инфраструктурата во зоната и дека се подобруваат условите.

„Големи се придобивките што од ден на ден ги подобруваме условите за инвеститорите, и да потсетам дека во во ТИРЗ 2 веќе работат компаниите Ван Хол, Мурат Тиџарет, Дура Аутомотиве Системс и Гересхајмер, во оној дел во кој инфраструктурата е завршена соодветно на потребите на овие компании“, рече Спасовски.


Техничкиот премиер ја спомна и фабриката Дура во кој аи покрај тоа што не е поминат техничкиот прием, сепак производството е почнато. Директорот на Дирекцијата за технолошки и индустриски зони Александар Младеновски претходно за Фактор тврдеше дека таму има само пробно производство, па остана нејасно дали е пробно или производството тече и покрај тоа што нема технички прием.


Долго време  во јавноста преовлaдуваше мислењето дека странските  компании се во надредена позиција во однос домашните, дека Владата им дава огромна државна помош а ти е им ги „крадат“ најдобрите работници. Новата влада дојде со ветување дека ова нема да продолжи, односно ќе има еднаков третман за сите компании на транспарентен нчин. Во оваа насока се очекуваше раст и на домашните инвеститори во слободните зони. Но, Законот за технолошки индустриски развојни зони има услов кој еднакво важи и за домашните и за странските компании во Македонија. Условот е декакорисникот на зоната кој спроведува продуктивни инвестициски вложувања остварува даночни ослободувања и олеснувања само ако врши нова дејност, а не ја пренесува дејноста од друго подрачје во зоната. 

Дополнителен придонес кон ова се очекуваше да има долгонајавуваниот Закон за финансиска поддршка на инвеститорите. Закон се претставуваше како акт со кој најпосле се  изедначи државната помош за домашните и странските  инвеститори .

„Со донесувањето на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, транспарентноста на процесот се постави на цврсти правни основи,  затоа што во тој закон јасно се наведени сите услови  и критериуми. Законот обезбедува предвидливост за тоа што секој инвеститор може да очекува, и во таа функција имаме обезбедено и една софтверска алатка достапна за секоја заинтересирана компанија која може да си пресмета однапред каква финансиска поддршка може да очекува под одредени услови“ , истакна за Фактор министерката без ресор задолжена за привлекување на странски инвестиции Зорица Апостолска.

Сепак, до сега не успеваме да видиме официјални податоци за тоа кои странски фирми добиле државна помош според овој Закон и во која износ, како и споредба со исплатената помош за домашните компании. На страницата на Комисијата за заштита на конкуренцијата нема податоци за ова. Ако сега има еднаков третманот, се поставува прашањето зошто се уште се дава индивидуална помош за странските инвеститори со скриени износи на субвенциите.

Во февруари минатата година владините претставници најавуваа нови инвеститори и работни места во земјата од страна на повеќе компании како Саген, Реџи анд Санс, Џемдаг Лајтенинг, Доган Отомотив, Балканлар Пластик, Зенит, Малхотра Кабелси други. Заедно со уште две грчки инвестиции во енергетскиот сектор кои гипотврди премиерот на собраниската говорница.  За некои од овие компании на странициата на Комисијата за заштита на конкуренцијата објавени се само дел од решенијата за индивидуалната државна помош.Остануваат отворени прашањата зошто е тоа така, зошто и понатаму остануваа тајни делови од неколку решенија и кој е моменталниот статус со реализација  на сите овие најавени инвестиции.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

Како ќе се спаси германската економија?

Како ќе се спаси германската економија?

Македонија е најевтина земја во Европа - Британците би заштедиле ако се преселат овде

Македонија е најевтина земја во Европа - Британците би заштедиле ако се преселат овде

Костовски: Точно е дека како групација имаме долг од пет милиони евра кон Комерцијална банка - под хипотека се зградата, Поштенска банка и Палата Македонија

Костовски: Точно е дека како групација имаме долг од пет милиони евра кон Комерцијална банка - под хипотека се зградата, Поштенска банка и Палата Македонија

Сопственикот на банката обвинува: поранешниот директор Петковски го натера вујко му да формира фирма со пет илјади евра, а потоа му даде кредит од 1,2 милиони евра

Сопственикот на банката обвинува: поранешниот директор Петковски го натера вујко му да формира фирма со пет илјади евра, а потоа му даде кредит од 1,2 милиони евра

КОМПАНИЈА ФОРМИРАНА ВО ДУБАИ САКАЛА ДА ЈА КУПИ ЕУРОСТАНДАРД - Костовски ќе вложел и свои 2,5 милиони евра само да се спаси банката

КОМПАНИЈА ФОРМИРАНА ВО ДУБАИ САКАЛА ДА ЈА КУПИ ЕУРОСТАНДАРД - Костовски ќе вложел и свои 2,5 милиони евра само да се спаси банката

Тонат економиите на три европски земји поради пандемијата

Тонат економиите на три европски земји поради пандемијата

Костовски: Не ја ставајте во овој вител Нина Ангеловска, таа е стар клиент на банката

Костовски: Не ја ставајте во овој вител Нина Ангеловска, таа е стар клиент на банката

Костовски обвини за смислено сценарио, ако се прифати стечајот ќе ја тужи државата и Народна банка

Костовски обвини за смислено сценарио, ако се прифати стечајот ќе ја тужи државата и Народна банка

Ангеловска-Бежоска кај Пендаровски: Максимални напори за обештетувањето на депонентите во Еуростандард

Ангеловска-Бежоска кај Пендаровски: Максимални напори за обештетувањето на депонентите во Еуростандард