19 Април, 2024
0.0356

ДОМ и ЛДП нема да дадат јавна поддршка за вториот круг од локалните избори

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

ЛДП и ДОМ јавно нема да дадат јавна поддршка за ниту еден од кандидатите на „Најдоброто за вашата општина“. Ставот на оваа коалиција формирана за локалните избори го пренесе претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, i liderot na LDP, Goran Milevski.

Претходно во текот на целиот ден помалите коалициски партнери на СДСМ преку соопштенија даваат поддршка за партијата уверувајќи дека владината коалиција е стабилна.

-Ние уште пред да започне кампањата изјавивме дека тоа се гласови на граѓаните. Ние не располагаме со тие гласови и верувам и убедена сум дека граѓаните се многу мудри и точно знаат кое е значењето на функцијата градоначалник на општина, на град и сега во вториот круг и ќе го поддржат кандидатот, личноста за која веруваат дека навистина во следните четири години ќе ја води општината или градот во позитивен правец, рече претседателката на ДОМ, изјави Морачанин.

Милевски по вториот круг најави разговор со премиерот заев за промена на политиката, затоа што граѓаните ја казнија владата.

- Ние сметаме дека граѓаните се доволно интелегентни и доволно паметни нашите гласачи овие 30.000 да ние нема потреба да ги насочуваме за кого ќе гласаат, тие доволно знаат за кого да го дадат гласот и сметаме дека секое наше јавно објавување или поддршка значи дека ние сме влегле во ова да се пазариме со тие гласови, а нашата цел не е тоа и токму заради тие причини ние ќе оставиме овие интелектуалци и овие граѓани слободно да си го искажат гласот за оној кој што сметаат дека е најдобар да ја води конкретната општина, изјави Милевски.

ДОМ и ЛДП на овие избори настапија самостојно, па така за Град Скопје нивни кандидат беше Бени Шаќири, а за Битола во трката влезе Горан Милевски.

Морачанин потврди дека ДОМ и ЛДП немаат намера да го напуштат парламентарното мнозинство.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите