ДОЛАРОТ ГИ „СПАСИ“ ГОРИВАТА - бензините, дизелот и екстралесното остануваат со исти цени
Објавено во: Економија 25 Октомври, 2021
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29 отсто, се вели во соопштението од РКЕ.
Малопродажните цени набензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.10.2021 година.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,633 денар/килограм и сега ќе изнесува 42,377 ден/кг.
Од 26.10.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 76,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 78,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 42,377 (денари/килограм)
Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 1,040 отсто, кај дизелот за 0,304 отсто, кај екстра лесното масло за 0,357 проценти и кај мазутот за 0,402 отсто.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,454 проценти, велат од Регулаторна.
Ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 26.10.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.