Докторка од Србија споменува примање на четврта или евентуално петта доза вакцина
Објавено во: Балкан 12 Октомври, 2021
Воопшто не е изненадување што одредени групи на луѓе треба да примаат и трета доза, а може да се случи да бидат потребни и четврта и петта, сè додека пандемијата не попушти.
Ваков е ставот на вирусологот д-р Ана Банко од соседна Србија. Вели дека потоа, ќе се воведува или нов план за вакцинација или ќе бидат развиени понапредни вакцини.
„Кога е во прашање Спутник В, двете дози од вакцината не се идентични и бустер-дозата е повикување на информациите кои се внесени со првата. Најдобро би било и третата доза да биде Спутник. Оние кои пак, се вакцинирани со АстраЗенека, а не развиле доволно антитела, можат да примат трета доза Фајзер“, рече докторката.
Во Србија уште има високи бројки на заразени. Во последните 24 часа во Србија е потврден кај 6.930 лица, а истовремено како последица на овој вирус починале 53 пациенти. Тестирани биле 23.660 лица. На респиратор се приклучени 269 заразени.