19 Април, 2024
0.4099

Договорот „Отворен Балкан“ на Заев, Рама и Вучиќ официјализиран и објавен

Објавено во: Балкан 16 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber


Иницијативата „Отворен Балкан“ е финализирана со потпишан документ. Шефот на албанската влада, Еди Рама, српскиот претседател, Александар Вучиќ и премиерот на  Македонија, Зоран Заев, потпишаа меморандум за разбирање за соработка, кој детално е објавен во Службен весник, објавија албанските медиуми. Меморандумот предвидува зајакнување на односите меѓу трите земји, особено во областа на увозот, извозот и движењето на стоки, со цел да се отстранат пречките во меѓусебната трговија.

Според договорот, трите држави ќе ги намалат контролите, формалностите и бројот на потребни документи, промовирајќи намалување на трошоците и брзина во постапката за царинење. „Царинските органи на Страните ќе соработуваат со цел да се обезбедат услови за поедноставување на транзитната постапка меѓу нив, колку што е можно“, се вели во договорот, кој промовира зголемување на циркулацијата на храна и индустриски стоки.

Меморандумот ќе остане во сила неограничено, додека во првиот став се наведува дека тројцата иницијатори ќе ја остават отворена поканата за нивните колеги од Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина да станат дел од Отворениот Балкан, за да го подобрат животот на сите граѓани на регион.

Целите на Меморандумот ја зголемуваат и зајакнуваат економската соработка меѓу страните; поедноставување на постапките поврзани со увоз, извоз и движење на стоки; размена на податоци помеѓу царинските органи и другите органи; заедничко промовирање преку проширување на меѓусебната трговија, хармоничен развој на економските односи меѓу страните; постепено отстранување на бариерите за трговија со стоки.


Можеби ќе ве интересира

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот