Додик се излекува од Ковид-19, но го чека рехабилитација
Објавено во: Балкан 05 Јануари, 2021
По цели 25 дена борба со корона вирусот, претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик излезе од болница и и на прес-конференција истакна дека зад него се најтешките денови во животот, но дека сега се чувствува добро.
Порача сите да бидат крајно внимателни, бидејќи вирусот е многу опасен, а истовремено се заблагодари на сите здравствени работници во Универзитетскиот медицински центар во Република Српска кои се изборија за неговиот живот.
-Благодарност до лекарите. Исто така, сакам да му се заблагодарам на тимот доктори од Србија. Им порачувам на граѓаните да бидат внимателни, бидејќи вирусот не е воопшто наивен. Никој не знае како тој ќе дејствува врз организмот. Овие беа тешки денови за мене и за моето семејство. Ме чека рехабилитација, потенцираше Додик.