ДОДИК: Ако Америка може да ги земе Гренланд и Канада, Република Српска може да се обедини со Србија
Објавено во: Балкан 17 Јануари, 2025
Ако Америка може да ги земе Гренланд и Канада, Република Српска може да се обедини со Србија, вели лидерот на босанските Срби, Милорад Додик.
Тој изјави дека Република Српска има право да се обедини со Србија по истата аналогија со која идниот американски претседател Доналд Трамп го тврди правото на САД на Гренланд. Тој рече дека постојните граници не се „света крава“, па се осврна и на начинот на кој е призната независноста на сегашните држави создадени на територијата на поранешна Југославија.
„Ако Американците велат дека тоа не било отцепување со Словенците и Хрватите, туку реален факт на теренот, зарем и РС не беше вистински факт на теренот? Зошто нè вративте на таа глупост наречена БиХ? Ако можат Гренланд и Канада, ако можат Источна и Западна Германија, зошто сега РС не може да ѝ се придружи на Србија“, изјави Додик, за Раша тудеј.
Тој ја оправда и руската инвазија на Украина и вели дека Украина припаѓа на Русија. Додик постојано говори за оделување на Република Српска од БиХ.
Mесецов Трамп ја оживеа идејата за купување на Гренланд, но жителите на овој остров не сакаат спојување со САД. Тие ќе останат партнери на САД.
Можеби ќе ве интересира
СЕ УРНА КАРПА КАЈ ДУБРОВНИК: Удри во автомобил во кој загина маж

Милановиќ полага заклетва за втор петгодишен мандат - никој од хрватската влада не присуствува на инаугурацијата

СО КОСОВСКИ ЗНАМИЊА ПОМИНУВАЛЕ НИЗ МИТРОВИЦА И ГИ ПРОВОЦИРАЛЕ СРБИТЕ: Полицијата уапси 11 луѓе

ВУЧИЌ: Никогаш не сум запалил цигара, не сум се напил кафе и само еднаш сум се степал

УАПСЕН Е ЧОВЕКОТ КОЈ МУ СЕ ЗАКАНУВАШЕ НА ВУЧИЌ: Што му пиша на претседателот?

ФАБРИКА И ЗА ВАКЦИНИ И ЗА ЗМИСКИ ПРОТИВОТРОВ: Силна инвестиција во Хрватска
Онлајн измамите стануваат „професија“ во Словенија: Свртени 30 милиони евра
