22 Септември, 2021
0.0201

ДОДЕКА ИТАЛИЈА Е ВО КАРАНТИН: Еве како живеат Италијанците во Калабрија

Објавено во: Свет 11 Март, 2020

Во Калабрија вирусот се прошири во последните неколку дена, раскажува Вито Ди Наполи, по професија деловен консултант, и  жител на овој дел од Италија.

Раскажува дека луѓето се плашат пред сè затоа што не постои соодветен здравствен систем за евентуална итна состојба.

„Болниците во Калабрија имаат вкупно околу 110 - 150 кревети за интензивна нега, па доколку вирусот се шири, нема систем за вентилација на пациенти (вирусот влијае на белите дробови). Па, да почекаме што ќе се случи, но од вчера луѓето излегуваат само ако имаат итна потреба, ако мораат“, вели овој човек.

Додава дека тој се плаши дека може да се зарази од вирусот. Италијанците од вторник може да патуваат само на работа, или поради медицински и некои други итни причини. Дадени се многу препораки за заштита кои населението мора да ги почитува.

„Страв постои, улиците се сѐ  помалку и помалку фреквентни како и баровите, а мала посетеност има на продавниците. Училиштата се затворени, и сѐ е пасивно“, раскажува Ди Наполи.

Италија е во карантин.  60 милиони луѓе се во изолација. Бројот на смртни случаи и заразени од коронавирусот забрзано расте.

Откако италијанскиот премиер Џузепе Конте ја прогласи цела Италија за „црвена зона“, ограничувајќи го движењето на луѓето и воведувајќи забрана за собири, луѓето се упатиле кон продавниците во градовите, но и во помалите места.

Конте апелираше до нацијата дека мора да ги смени навиките.

Меѓу населението постои страв дека залихите на храна може да исчезнат.

Спортот во Италија ќе биде стопиран до 3 април. 

За едно деноноќие од коронавирус во Италија починале 168 луѓе. 

Вирусот се рашири низ цела Европа, а заразени се појавија и во Моголија, но и други земји на други континенти.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ВО АВТОБУС ВО ГЕРМАНИЈА ИМАЛО ЗАЛОЖНИЧКА ДРАМА - уапсен и испрашуван бил српски државјанин

ВО АВТОБУС ВО ГЕРМАНИЈА ИМАЛО ЗАЛОЖНИЧКА ДРАМА - уапсен и испрашуван бил српски државјанин

Германија ќе го поддржи претседателот на СЗО за втор мандат

Германија ќе го поддржи претседателот на СЗО за втор мандат

АЛПСКИ РАЈ ВО КОЈ НЕ СЕ ПРИМААТ АВТОМОБИЛИ: Во швајцарско село кое има 300 сончеви денови и камион за ѓубре доаѓа „летајќи“ (ВИДЕО)

АЛПСКИ РАЈ ВО КОЈ НЕ СЕ ПРИМААТ АВТОМОБИЛИ: Во швајцарско село кое има 300 сончеви денови и камион за ѓубре доаѓа „летајќи“ (ВИДЕО)

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ОД 5,8 КАЈ МЕЛБУРН: Погледнете како се тресеа зградите (ВИДЕО)

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ОД 5,8 КАЈ МЕЛБУРН: Погледнете како се тресеа зградите (ВИДЕО)

Муштерија го убил касиерот затоа што два пати го опоменал да стави маска

Муштерија го убил касиерот затоа што два пати го опоменал да стави маска

(ВИДЕО+ФОТО) Лавата „голта“ се пред себе на Канарските острови

(ВИДЕО+ФОТО) Лавата „голта“ се пред себе на Канарските острови

ИСТОРИЧАРОТ ФЕРГУСОН: Пандемијата на Ковид-19 нема да заврши можеби ни до крајот на 2022

ИСТОРИЧАРОТ ФЕРГУСОН: Пандемијата на Ковид-19 нема да заврши можеби ни до крајот на 2022

Канадскиот премиер Џастин Трудо останува на власт

Канадскиот премиер Џастин Трудо останува на власт

НЕМАА МЕСТО КАДЕ ДА ГИ ЗАКОПААТ МРТВИТЕ: Но, шефот на државата, Болсонаро е се уште невакциниран, мораше да вечера на улица во Њујорк

НЕМАА МЕСТО КАДЕ ДА ГИ ЗАКОПААТ МРТВИТЕ: Но, шефот на државата, Болсонаро е се уште невакциниран, мораше да вечера на улица во Њујорк