25 Април, 2024
0.0299

Додека историјата е во фокусот, до каде е соработката на полето на културата меѓу македонските и бугарските уметници?

Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Соработката на ниво на култура меѓу македонскиот и бугарскиот народ е на ниско ниво, смета Столе Велков, член на извршниот одбор на Здружението за македонско бугарско пријателство.

Тој како пример наведува дека ниту на полето на фоклорот немаме некоја плодна соработка, и тие врски во иднина треба да се јакнат.

„Во пограничните градови, немаме соработка дури и ако се работи за тоа детска фолклорна група да настапи во град преку границата. Тие градови се гледаат еден со друг што се вели, а соработка немаме. Тоа е основа, а не пак да имаме некоја соработка на повисоко ниво, академско или научно“, рече Велков.

Горан Огнановски, поранешен директор на Културно информативниот центар Романса од Македонска Каменица, кој функционира при локалната самоуправа, вели дека можности за соработка има, но треба да се искористат. Објаснува дека тој за една година реализирал 80 културни проекти, за што има награда од ЗНМ, а еден од проектите е и тој со општина Белица од Бугарија, финансиран од ИПА, со помош на кој е набавена кино опрема.

„Постепено треба да се развива соработката, но потребни се компетентни лица, вистинските луѓе на вистинското место. На народот му требаат секаков вид на културни збиднувања, од фоклор, театар, до литературни читања и класична музика. Мислам дека е најдобро од секој регион да имаме по еден стручен вработен во Министерството за култура, кој ќе се грижи за проекти и реализација. Доколку сакаме да соработуваме со Бугарија, да биде ангажиран претставникот од Источна Македонија“, рече Огнановски.

Дел од уметниците во земјава не сакаат многу да коментираат на оваа тема, затоа што сметаат дека ќе бидат сфатени погрешно, но и затоа што оваа тема е чувствителна. 

Александер Арнаудов, уредник на бугарското списание Нова асоцијална поезија вели дека имаат желба за соработка со авторите од Македонија.

„Отворени сме за млади и нови автори, нешто што претходно не сме го имале, но со сигурност може да се осмисли и направи“, рече Арнаудов.

Радост Николаева, поетеса и граѓански активист од Бугарија вели дека ако македонските и бугарските уметници соработуваат поинтензивно, тоа ќе даде бенефит за целиот регион.

„Проблемот не е толку во односите меѓу граѓанските општества и уметниците овде и кај вас, проблемот не е меѓу луѓето, проблемот е во стереотипите што проникнуваат во политичките јазици во нашите земји, за кои мислам дека треба целосна прoмена и тоа не се случува толку лесно и брзо. Активната културна интеракција меѓу уметниците и културните организации од Бугарија и Северна Македонија, кога ќе стане реалност, ќе биде духовниот фактор на промените во регионот, иновативен поглед на историјата, сегашноста и иднината. Како граѓанин би сакала да продолжам да бидам вклучена во забрзување на овој процес. Мојата организација Aрт движење Круг и литературното списание Круг имаат долгогодишни врски со македонски уметници. Пред 20 години објавивме млади македонски поети преведени на бугарски јазик, во нашиот меѓународен центар за млади уметници во селото Дождовница, Источни Родопи“, вели Николаева.

Во македонско – бугарските односи најчеста тема се историските прашања. И  на ова поле нема постигнато напредок околу спорните прашања. За сите други теми и области каде може да се унапредуваат односите, поретко се зборува. Договорот за добрососедство е потпишан на 1 август 2017 година. По потпишувањето на овој договор, кај нас се спроведувани и анкети меѓу граѓаните на кои тие требаше да дадат одговор дали би погледнале бугарски филм, дали би следеле театарска претстава или настап на фоклорен ансамбал од оваа земја.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот